среда, 19.03.2008
IDIVIDI Мени
Насловна
Вести
Стил
Спорт
Здравје
Забава
Shqip
Футурама
English
IDIVIDI Сервиси
Download
Кој е кој
Форум
Фото
Медиуми
Речник
Mobile
Games
188
e-mail
E-cards
Мали огласи
Broadcast
News групи
Тоше Проески

„Златен медал на хуманоста“ постхумно за Тоше

Скопје, 17 март (МИА) - Црвениот крст на Република Македонија на свечено собрание на Тоше Проески постхумно му го додели нависокото признание „Златен медал на хуманоста“ за особени заслуги за развојот на организацијата. Неговото родно Крушево го доби признанието најхуман град во Македонија за 2007 година.

- Едноставен и чесен, вака го опиша Тоше генералниот секретар на ЦК на Република Македонија Саит Саити на собранието посветено на 17 март - Денот кога пред 63 години е формиран македонскиот Црвен крст.

- Нема правило за тоа на кому му е потребна помош, вака зборуваше Тоше... Даде толку многу, а остана меѓу нас прекратко. Беше добар и хуман човек и ги поддржуваше сите наши акции. Неговото „сите ве сакам“ ќе биде наша водилка.... Името на Тоше е бесмртно, неговата ѕвезда на небото нека го осветлува нашиот хуман пат на земјата, порача Саити.

Градоначалничката на Крушево Лефкија Гажовска на Тоше, кого го нарече рече најхуманиот крушевчанец, му ја посвети и наградата на Крушево за најхуман град во 2007 година.

- Крушево досега беше познато како најмакедонски град, а од денеска ќе биде  познато и како најхуман град. Жалам што  овде со нас нема да биде  и најхуманиот жител на Крушево кој направи многу. Му ја посветувам оваа награда на Тоше Проески, рече Гажовска.

Покрај Крушево награди добија и Штип и Виница, како и Основните организации на Црвениот крст на Велес, Охрид, Центар, Крива Паланка, Свети Николе, Кавадарци, Валандово, Делчево и Битола за исполнетите планови за крводарување во текот на минатата година.

Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Иван Дамјановски потсети дека 17 март исто така е и ден на крводарителството како највозвишен израз на солидарноста и хуманоста. Тој како главен предизвик за годинава го посочи зголемувањето на бројот на членови и волонтери на организацијата, особено кај младите.

Од името на министерот за здравство присутните ги поздрави Аиме Саити од Министерството за здравство која  истакна дека во 2007 година биле реализирани 50 илјади крводарувања во Македонија. Таа посочи дека Владата за годинава одвоила 30 милиони денари за поддржување на крводарителството и нагласи дека крводарителите со над 10 крводарувања ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација за повеќе здравствени услуги.

Директорот на Републичкиот завод за трансфузиологија Ристо Дуковски истакна дека потребите од крв и крвни продукти можат да се обезбедат само со доброволно дарување. Тој потенцитра дека во Македонија моментално се задоволени потребите за крв и крвни продукти. Дуковски нагласи дека веднаш по дознавањето за катастрофата во Албанија биле испратени крв и крвни продукти, а граѓаните и сами доброволно се пријавувале за дарување крв.

Во минатата година се бележи пораст на крводарувањата за 3,5 отсто во однос на 2006 година. Лани беа задоволени сите потреби и на јавното и на приватното здравство за крв и крвни продукти.


Сродни вести
Станот на Тоше – се е исто само него го нема
Бизарен албум со сликички од Тоше
Вечер на Тоше на Беовизија
Во неутешна болка одбележан денот на раѓањето на Тоше
Роденденот без Тоше
Тоше во нова гробница
Хрватска делегација во Крушево
СНИМКА ОД ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПРОСТУВАЊЕ СО ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ
Станот на Тоше – се е исто само него го нема фото галерија
„Златен медал на хуманоста“ постхумно за Тоше
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи