понеделник, 31.03.2008
IDIVIDI Мени
Насловна
Вести
Стил
Спорт
Здравје
Забава
Футурама
English
Shqip
IDIVIDI Сервиси
Download
Кој е кој
Форум
Фото
Медиуми
Речник
Mobile
Games
188
e-mail
E-cards
Мали огласи
Broadcast
News групи
Тоше Проески

И "бубата" на Тоше во спомен-куќата во Крушево

Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево ќе биде меморијален центар, но и место во кое луѓето ќе се дружат, ќе ги слушаат песните на Тоше, а неговите колеги и пријатели во неа ќе можат да организираат презентации и промоции.

Вака словенечкиот архитект Томаж Канцлер го објасни идејното архитектонско решение за изградбата на спомен-куќата на вчерашната прес-конференција во Министерството за култура. Првата награда на конкурсот, кој го распиша Министреството, ја добија архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и соработникот Илија Божиновски. Канцлер зборуваше како дел од жирито на конкурсот.

Спомен-куќата ќе биде на површина од 870 квадратни метри. За неа досега Министерството за култура одвоило 8 милиони денари. Кога ќе започне изградбата и колку време ќе трае, се уште не се знае. Во куќата ќе бидат изложени најдрагите лични предмети на Тоше, неговата колекција икони, награди, спортски реквизити, моторот, велосипедот, но и неговиот омилен автомобил "буба" кабриолет. Ќе има и посебен дел, направен како музичко студио, во кое сите посетители ќе можат да ги слушнат песните на Тоше, а колегите музичари ќе можат да организираат промоции. Спомен-куќата ќе биде се она што бил Тоше, рече државниот секретар за култура Елизабета Канческа -Милевска.

"Идејата за спомен-куќата на Тоше не е идеја која ќе трае само денес, додека емоциите се тазе. Тоа треба да биде место каде што утре бабите и дедовците ќе ги шетаат своите внучиња. Како дел од спомен-куќата ќе се направи стаклен крст, ликовно надополнет со елементи од животот на Тоше", рече архитектот Канцлер.


Сродни вести
Станот на Тоше – се е исто само него го нема
„Златен медал на хуманоста“ постхумно за Тоше
Бизарен албум со сликички од Тоше
Вечер на Тоше на Беовизија
Во неутешна болка одбележан денот на раѓањето на Тоше
Роденденот без Тоше
Тоше во нова гробница
Хрватска делегација во Крушево
СНИМКА ОД ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПРОСТУВАЊЕ СО ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ
И "бубата" на Тоше во спомен-куќата во Крушево
Гитара од бел и црн камен на гробот на Тоше
Станот на Тоше – се е исто само него го нема фото галерија
„Златен медал на хуманоста“ постхумно за Тоше
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи