Тоше Проески
Чолиќ се поклони на гробот на Тоше
Вечното момче на балканските простори Здравко Чолиќ денеска, веднаш по пристигнувањето во Македонија, замина за Крушево за да се поклони на гробот на најголемата македонска ѕвезда Тоше Проески.
Чолиќ, и покрај неколкуте измени на агендата за престој, одлучи да ја одложи закажаната прес-конференција, со цел да може да ја изрази својата почит кон Проески. Неофицијално, Чолиќ се сретнал и со родителите на Проески, се шпекулира дека донирал и средства за црквата која започна да ја гради Тоше. Чолиќ утре на градскиот плоштад ќе одржи концерт по повод ребрендирањето ребрендирањето на АД „Македонски Телекомуникации“ во Македонски Телеком АД Скопје и доаѓањето на T-Home во Македонија. (Д.Т)
|