|
|
 |
Тоше Проески
„The Hardest thing“ од Тоше од 1 јуни на MTV Адриа
Спотот за песната „The Hardest thing“ од Тоше Проески од 1 јуни ќе се емитува на MTV Адриа.
- Видео спотот е комбинација од различни снимки, кој Тоше го претставува како интимен, но и многу талентиран музичар во текот на снимањето на албумот во Јамајка и во дружењето со музичарите, соопшти телевизијата MTV Адриа.
Екипата на оваа медиумска куќа го прифатила предизвикот со мал страв поради очекувањата на верните обожаватели на Тоше ширум светот, но и поради возбудувањето, затоа што добија можност од седум часа материјал да го изработат овој спот.
Според зборовите на вработените од телевизијата, судејќи по хитот „The Hardest Thing“, неговата кариера би го достигнала врвот, рамо до рамо со суперѕвездите како Роби Вилјамс.
Неговата харизматичност, сценското совршенство, гласовните можности и шармот, како што најавија од MTV Адрија, ќе може да се видат во новиот спот.
Албумот кој Тоше го подготвуваше на Јамајка, во Велика Британија и во Шведска со искусни продуценти и музичари, ќе биде постхумно објавен на есен.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|