Брисел без осуда за Косово поради погребите на терористи со државни почести

Европската комисија денеска одби да го осуди потегот на Косово, држава која има аспирации да стане земја членка на Европската унија и веќе има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со Унијата, за погребот со државни почести на терористите што учествуваа во терористичкиот напад на Куманово пред три недели, јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич одби директно да одговори на прашањето дали ЕУ ќе продолжи да молчи за тоа што терористот Бег Ризај беше закопан викендов во Алејата на славните на Косово со државни почести и присуство на припадници на косовската власт, иако тој е дел од Албанската национална армија (АНА) која е на „црната листа“ на ЕУ и на САД како терористичка организација.

- Ние не остануваме тивки за оваа ситуација и ја знаете нашата позиција во однос на настаните во Куманово, која беше многу јасна уште кога тие се случија, истакна Коцијанчич.

Повикувањето на Коцијанчич на првичниот став на Европската комисија за терористичкиот напад во Куманово е зачудувачки, ако се знае дека Брисел за истиот овој настан во кој беа убиени осум македонски полицајци, порача дека „жали за загинатите и повикува овој настан да не го одвлекува вниманието од политичката криза во Македонија“.

Претходно, Еврокомисијата исто така одби да ја услови терористичката група што ја нападна Македонија како таква, ниту да образложи како браќата Куаши што ги убија новинарите на магазинот „Шарли Ебдо“ во Париз од првиот ден беа прогласени за терористи, а најопасната терористичка група на Балканот што ја нападна Македонија е само „вооружена група“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...