Две милијарди евра од Еу за рурален развој на ХрватскаБрисел, 26 мај 2015 (МИА) - Европската комисија денеска одобри за Хрватска две милијарди и 26 милиони евра за рурален развој до 2020 година. Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (ЕАФРД) распоралага со 99,6 милијарди евра за програмскиот период 2014-2020 година.
- Една од главните предности на нашиот концепт за рурален развој е да имаме шест клучни приоритети, но секоја држава членка и регион осмислува програми во согласност со својата ситуација, изјави Фил Хоган, европски комесар за земјоделие и рурален развој.
- Со програмите донесени денеска се овозможува финансирање низа динамични проекти, од проекти за модернизација во земјоделието во хрватска и романија до воведување широкопојасен интернет во ретко населени области во Италија како и поддршка за органска храна во Шведска или поттикнување еколошки прифатливо управување со земјиште на милион хектари во Ирска, нагласува Хоган.
|