Албанското село Лазарат под опсада, 11 лица уапсени

Тирана, 25 јуни 2015 (МИА) - Албанската полиција околу полноќ ја прекина акцијата во селото Лазарат поради целосниот мрак, а конечната пресметка со вооружената група се очекува утрово.



Сите приоди до селото се под целосна контрола на полицијата, која досега уапсила 11 членови на групата, меѓу кои четворица се предале, од 21 лице за кои е распишана потерница.

Вооружена група вчера во селото отворила оган врз полицијата, при што еден припадник на полицијата загинал, а двајца се повредени.

Албанскиот премиер Еди Рама изрази сочувство до семејството на загинатиот полицаец, кој е поранешен офицер на војската и служел во мисијата на НАТО во Авганистан. Делегација на ЕУ и американската амбасада во Тирана, исто така, ја осудиле смртта на полицаецот.

Албанската полиција синоќа испрати повеќе од 400 припадници на специјалните сили РЕНЕА и локалната полиција во селото Лазарат во рамки на акцијата за апсење на осомничените за нападот на полицајците. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Самир Тахири изјави дека операцијата е извршена во координација со Обвинителството за тешки кривични дела, дека е транспарентна и согласно законот.

Селото Лазарат, во близина на Ѓирокастро, е познато како „фабрика за производство на марихуана“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...