Нова демократија е против референдум, грчкиот Парламент вечерва ќе се изјасни за ова прашање

Атина, 27 јуни 2015 (МИА) - Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, кој е претседател на главната грчка опозициска партија Нова демократија ја обвини Владата на Алексис Ципрас дека лобира во корист на драхмата, јави ТАСС.

Самарас ја критикуваше Владата по седницата на политичкиот совет на Нова деморкатија за прашањето за одржување референдум за понудата на кредиторите, кој Ципрас го закажа за 5 јули. 

- Намерното одолговлекување на преговорите со кредиторите ја доведе земјата во неизвесност и ги откри плановите на власта за опслужување на интересите на драхмата, рече Самарас.

Тој нагласи дека на денешната вонредна седница на Парламентот неговата партија ќе гласа против организирањето референдум за предлогот на кредиторите.

Грчкиот Парламент денеска попладне ќе почне дебата, по која пратениците треба да се изјаснат во врска со одржувањето на референдумот.

Парламентот го објави на својата интернет страница дневниот ред, според кој гласањето е закажано за 19 часот по локално време. 

Владата има мнозинство за усвојување на предлогот за одржување референдум. ац/13:31

###

 



Три куќи се уништени, а други три се пред колапс поради лизгање на земјиштето во северна Романија

Букурешт, 27 јуни 2015 (МИА) -  Три куќи во село во северна Романија се уништени, а други три се пред колапс поради лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови во последните 24 часа, пренесува БТА.

Дваесет и три лица, меѓу кои пет деца, се евакуирани и сместени кај роднини или во локалната спортска сала.

Портпаролот на Инспекторатот за вонредни ситуации во округот Муреш изјави дека 23 лица од селото Аполд се евакуирани поради свлечиштата, од кои е погоден и едендел од патот во населбата, во должина од околу 50 метри.

Властите ќе ја следат ситуацијата во следните денови со оглед на опасноста од нови лизгање на земјиштето. ссм/14:46

###



ЕУ: Референдумот во Грција ја затвора вратата за продолжување на преговорите

Брисел, 27 јуни 2015 (МИА) - Најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за одржување референдум за барањата на кредиторите е „тажна одлука за Грција и ја затвора вратата за натамошни преговори“, изјави денеска претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.

- Негативно сум изненаден од веста, рече тој по доаѓањето на седницата на министри за финансии од еврозоната, посветена на финансиското преживување на Грција.

- Ќе го сослушаме грчкиот министер и ќе разговараме за последиците, рече тој, пренесува Хина. 

- Грција еднострано ги прекина преговорите, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

- Во моментов немаме основа за преговорите и никој од колегите нема претстава што би можеле ние сега да направиме, дополни Шојбле при пристигнувањето на состанокот на Еврогрупата.

Со оваа оценка се согласува и финскиот министер Александер Стуб, кој исто смета дека ова е тажен ден за грчкиот народ.

- Ние веќе имаме програма за финансиска помош, која изминува следниот вторник. Неопходно е Еврогрупата да донесе одлука, но тоа е тешко, бидејќи дојде до еднострано прекинување на преговорите, оцени шпанскиот министер Луис Де Гуиндос, кој претседава со Еврогрупата.

Во меѓувреме, грчкиот Парламент денеска ја почна дебатата по предлогот на Владата на 5 јули да биде организиран референдум за последните предлози на меѓународните кредитори за реформи ако сака земјата да добие финансиска помош, соопштува ДПА.

Парламентот го објави на својата интернет страница дневниот ред, според кој гласањето е закажано за 19 часот по локално време.

Владата има мнозинство за усвојување на предлогот за одржување референдум. ссм/15:49

###

 

 



Еврозоната нема да го продолжи планот за спас на Грција по 30 јуни

Брисел, 27 јуни 2015 (МИА) - Министрите за финансии од еврозоната денеска одбија да го продолжат планот за спас на Грција по 30 јуни, како што бараше Атина, пренесува БТА, повикувајќи се на западни новински агенции.

- Еврозоната откажува да ја продолжи програмата за помош на Грција, посочиле извори блиски до преговорите. ссм/17:24

###



Грците во колонии чекаат пред банкомати да си ги повлечат парите

Атина, 27 јуни 2015 (МИА) - Голем број Грци, денеска во долги „опашки“ се наредија пред банкоматите за да си ги повлечат парите од сметките, откако премиерот Алексис Ципрас околу пладне најави распишување референдум за барањата на кредиторите, со што се зголемува ризикот земјата да излезе од еврозоната.

Западните медиуми соопштуваат дека колоните се зголемуваат, но дека пред банките, кои поголемиот дел се затворени во сабота, не се забележува паника меѓу луѓето

„Грчката централна банка прави се што е во нејзина моќ да овозможи добро снабдување на банкоматите со банкноти и нема да има прекини“, уверува денеска во соопштение Банката. Владини претставници соопштија дека нема планови за наметнување контрола над капиталот, со што би се оневозможило повлекување пари од сметка. Сепак, полицијата ги зајакна безбедносните мерки околу банкоматите.

- Грците треба да бидат спокојни, банките нема да ги затворат своите врати, изјави денеска Панос Каменос, лидер на десната партија „Независни Грци“, коалициски партнер на СИРИЗА.

Освен колоните пред банкоматите, во Грција се забележува и поголема побарувачка на гориво по пумпените станици, и покрај тоа што нема проблеми со доставата.

Западните медиуми соопштуваат и дека во одделни супермаркети во Атина се оформиле долги редови, откако дел од граѓаните одлучиле да подготват залихи од храна и средства за хигиена. ссм/17:40

###



Министрите од еврозоната одбија да ја продолжат програмата за помош на Грција

Брисел, 27 јуни 2015 (МИА) - Програмата за помош на Грција завршува во вторник навечер, одлучија попладнево министрите за финансии од еврозоната, откако го одбија барањето на Атина за едномесечно продолжување, изјави претседавачот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, пренесува ДПА.

Седницата ќе продолжи неофицијално, без грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, а со цел да бидат разгледани последиците.

Министрите сметаат дека одлуката на грчкиот премиер Алексис Ципрас за распишување референдум за барањата на кредиторите за реформи за возврат на финансиска помош претставува еднострано прекинување на преговорите.

Поголемиот дел од министрите од еврозоната изјавија дека се изненадени и разочарани од одлуката на Ципрас на 5 јули да се одржи референдум. ссм/18:15

###



Еврогрупа: Грција останува без финансиска помош

Брисел, 27 јуни 2015 (МИА) - Првпат во историјата, Еврогрупата излезе со соопштение без потпис на Грција, а во кое ја осудува одлуката на Атина да спроведе референдум за програмата за финансиски спас на земјата, изјави денеска, на крајот на седницата на Еврогрупата нејзиниот претседател Јерун Дејселблум, пренесува ТАСС.

- Осумнаесет земји од еврозоната првпат излегоа со соопштение без потпис на Грција. Осумнаесет земји од еврозоната ја осудија одлуката на Атина да организира референдум и да ги прекине преговорите со кредиторите. Согласно тоа, претставниците од Грција не го ставија својот потпис на овој документ, дополни Дејселблум.

- Понатамошни преговори со Грција за програмата за помош се невозможни. Таа завршува на 30 јуни, дополни претседателот на Еврогрупата.

- Процесот на преговори заврши. Програмата за помош на Грција ќе запре вечерта на 30 јуни. Ситуацијата во Грција забрзано ќе се влошува во следните месеци, бидејќи оваа програма нема да продолжи, дополни Дејселблум.

Министрите од еврозоната го одбија барањето за продолжување на програмата за еден месец. 

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, ја коментираше оваа одлука напуштајќи го состанокот: Ова е тажен ден за Европа, но Грција тоа ќе го преброди.

Претходно, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика Грците на 5 јули на референдум да се изјаснат за тоа дали Грција треба да го прифати или отфрли предлогот на меѓународните кредитори.

Дебатата во Парламентот по ова прашање е во тек. 

Парламентот го објави на својата интернет страница дневниот ред, според кој гласањето е закажано за 19 часот по локално време.

Владата има мнозинство за усвојување на предлогот за одржување референдум.

- Овие предлози, со кои се крши европското право и основното право на работа, еднаквност и достоинство, покажуваат дека намерата на некои од партнерите и институциите не била одржлива спогодба за сите страни, туку можеби понижување на еден цел народ, изјави Ципрас за време на вчерашното обраќање до нацијата.

Ципрас ова го кажа само неколку часа по враќањето од Брисел, каде европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд на Грција и понудија спогодба, која грчката Влада ја отфрли како несоодветна. Грција вчера ги отфрла предлозите на кредиторите за продолжување на кредитната програма за пет месеци - до крајот на ноември, со доставување кредити од 15,5 милијарди евра

- Должни сме да одговориме на ултиматумот изразувајќи ја суверената волја на народот, рече Ципрас.

Но самата најава за одржување референдум, министрите од еврозоната ја оценија како еднострано прекинување на преговорите. Оваа одлука Дејселблум ја оцени како „тажна одлука за Грција, која ја затвора вратата за натамошни преговори“.

- Грција еднострано ги прекина преговорите, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

- Во моментов немаме основа за преговорите и никој од колегите нема претстава што би можеле ние сега да направиме, дополни Шојбле при пристигнувањето на состанокот на Еврогрупата.

Со оваа оценка се согласи и финскиот министер Александер Стуб, кој исто смета дека ова е тажен ден за грчкиот народ.

Во меѓувреме, голем број Грци, денеска во долги „опашки“ се наредија пред банкоматите за да си ги повлечат парите од сметките, откако Ципрас околу најави распишување референдум за барањата на кредиторите, со што се зголемува ризикот земјата да излезе од еврозоната.

Западните медиуми соопштуваат дека колоните се зголемуваат, но дека пред банките, кои поголемиот дел се затворени во сабота, не се забележува паника меѓу луѓето

„Грчката централна банка прави се што е во нејзина моќ да овозможи добро снабдување на банкоматите со банкноти и нема да има прекини“, уверува денеска во соопштение Банката. Владини претставници соопштија дека нема планови за наметнување контрола над капиталот, со што би се оневозможило повлекување пари од сметка. Сепак, полицијата ги зајакна безбедносните мерки околу банкоматите.

- Грците треба да бидат спокојни, банките нема да ги затворат своите врати, изјави денеска Панос Каменос, лидер на десната партија „Независни Грци“, коалициски партнер на СИРИЗА.

Освен колоните пред банкоматите, во Грција се забележува и поголема побарувачка на гориво по пумпените станици, и покрај тоа што нема проблеми со доставата.

Западните медиуми соопштуваат и дека во одделни супермаркети во Атина се оформиле долги редови, откако дел од граѓаните одлучиле да подготват залихи од храна и средства за хигиена. ссм/19:02

###

 



Самарас ќе се сретне со грчкиот претседател

Атина, 28 јуни 2015 (МИА) – Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Андонис Самарас денеска ќе се сретне со претседателот на државата Прокопис Павлопулос, откако опозициските партии го осудија повикот на Владата за референдум.

Лидерот на конзервативците, Самарас, во текот на изминатава недела неколку пати повтори дека неговата партија ќе биде подготвена да учествуваат во влада на широка коалиција која би ја спасила Грција од банкрот. jт/ссм/08:18

###



Шојбле: Еврозоната ќе елиминира ризик од финансиска зараза од Грција

Атина, 28 јуни 2015 (МИА) - Грција во наредните денови ќе биде во големи маки, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и додаде дека Еврозоната ќе стори се за да се елиминира каков било ризик од финансиска зараза и каква било  загриженост на финансиските пазари.

- Грција е членка на еврозоната и ние сме се подготвени да направиме се што можеме да и помогне на земјата во оваа тешка фаза, истакна германскиот министер по вториот состанок на еврогупрата во Брисел кој се одржа без Грција.

Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси, пак, само кусо рече дека еврозоната ќе има 19 членки, колку што има и сега. јт/ссм/08:21

###



Албанската полиција ја заврши акцијата во Лазарат

Лазарат, 28 јуни 2015 (МИА) – Албанската полиција синоќа ја заврши акцијата на апсење во селото Лазарат, каде пред четири дена беше убиен еден полициски специјалец, а двајца беа ранети.

- По четиридневна интензивна потрага, синоќа околу 22 часот уапсени се браќата Арбјон и Албан Алико, главно осомничени за убиството на припадникот на специјалната полициска единица „Ренеа“, Ибрахим Баша. Исто така приведени се и други две лица, со што бројот од 21 лице по кои трагаше полицијата е заокружен, стои во полициското соопштение.

Според полицијата, браќата биле лоцирани со помош на полициски хеликоптери кои ја надлетувале територијата и тоа во подрачјето на местото Кардиќ, по што биле заобиколени, а по преговорите што нивниот татко ги имал со синовите, тие се предале.

Под силно полициско обезбедување се префрлени во Судот за тешки кривични дела во Тирана, а од таму во затворот „302“ исто така во Тирана, кој се смета за едне од најобезбедувани.

Во полицската акција учествуваа 500 припадници на полицијата од редовниот состав, од единицата „Ренеа“ како и онаа за брзо распоредување.  вт/ссм/08:27

###



Варуфакис: Одлуката на еврогрупата го нарушува нејзиниот кредибилитет

Атина, 28 јуни 2015 (МИА) – Одбивањето на министрите за финансии од еврозоната да ја продолжат програмата за помош на Грција после 30 јуни додека земјата спроведе рефрендум, предизвикува штета на кредибилитетот на Еврогрупата како институција, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

- Денешното одбивање на Еврогрупата да го прифати нашиот предлог за продолжување на сегашниот договор за неколку дена, неколку седмици, до после изјаснувањето на грчкиот народ кој ќе пресуди за предлогот на институциите, секако му штети на кредибилитетот на еврогрупата како демократска унија на земји членки-партнери и многу се плашам дека оваа штета ќе биде трајна, изјави синоќа Варуфакис на прес-конференција во Брисел.

Тој исто така го критикуваше шефот на еврогрупата Јерун Дeјселблум што не ја покани Грција на втората рунда разговори.

- Одлуката да не бидеме поканети на втората рунда од состанокот на еврогрупата не е одлука на Европа или на нашите партнери. Тоа е лична одлука на Јерун Дејселблум, рече Варуфакис.

Тој рече дека им објаснил на 18-те министри за финансии оти грчката Влада ќе распише референдум затоа што нема мандат да прифати или одбие предлог со такви мерки.

- Затоа што Владата има поддршка од малку повеќе од 40 проценсти, а за таква одлука треба поддршка од минимум 50 проценти од гласачите плус еден, појасни грчкиот министер за финансии. јт/ссм/08:57

###



Грчкиот парламент го одобри владиниот предлог за референдум на 5 јули

Атина, 28 јуни 2015 (МИА) - Грчкиот Парламент разно изутринава го одобри предлогот на грчката Влада за одржување референдум во однос на последните предлози на меѓународните кредитори за реформи во замена за финансиска помош.

Со 178 гласа „за“ и 120 „против“ пратениците го усвоија предлог. Пратениците од редовите на радикалната лева партија „Сириза“, нивните коалициони партнери од партијата „Независни Грци“ и пратениците од неонацистичката „Златна зора“ ја одобрија иницијативата за референдум. Против неа беа претставниците на конзервативната „Нова демократија“, социјалистичката ПАСОК, Грчката комунистичка партија и центристичкјата „Потами“.

Премиерот Алексис Ципрас воедно ги повика Грците на референдумот на 5 јули да ги отфрлат условите кои ги нудат кредиторите. Од собраниската говорница тој рече: Грчкиот народ ќе каже едно големо „не“ на ултиматумот и истовремено ќе каже „да“ за солидарна Европа.

- Од колевката на демократијата нема да ги молам (претседателот на еврогрупата Јерун) Дејселблум и (германскиот министер за финансии Волфганг) Шојбле да ни дозволат да организираме референдум. Ќе има референдум без разлика дали тоа им се допаѓа или не, порача Ципрас.

Тој ги критикуваше и министрите за финансии од еврозоната за тоа дека одржале средба, при тоа не канејќи го грчкиот колега Јанис Варуфакис.

Истовремено, директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ја исклучи можноста да биде дозволено одложување на исплатата на долгот на Грција кон фондот, рок кој изминува на 30 јуни.

- Кога зборувам за ММФ ја имам предвид меѓународната заедница. 1,6 милијарди долари треба да бидат платени до вторник до 18 часот, според американско време во Вашингтон. Тие пари припаѓаат на меѓународната заедница, што значи и на луѓе кои имаат понизок стандард од Грците. Се надевам дека уплатата ќе биде извршена до 18 часот во вторник, категорично порача  Лагард.

Таа уште оцени дека референдумот планиран за 5 јули нема правна сила, бидејќи предлозите на кредиторите важат до 30 јули и Грците на 5 јули ќе гласаат за предлози кои веќе нема да бидат во сила. ссм/09:15

###

 



Варуфакис: ЕЦБ да го отплати грчкиот долг кон ММФ

Брисел, 28 јуни 2015 (МИА) - Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека ќе побара од ЕУ да ги врати 1,9 милијарди евра профит на име на грчките државни обврзници кои се во посед на Европската централна банка (ЕЦБ) за Атина да може да го врати долгот кон ММФ.

Тој рече дека плаќањето на долгот кон ММФ на 30 јуни ќе зависи од флексибилноста на кредиторите.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ја исклучи можноста да биде дозволено одложување на исплатата на долгот на Грција кон фондот, рок кој изминува на 30 јуни.

- Кога зборувам за ММФ ја имам предвид меѓународната заедница. 1,6 милијарди долари треба да бидат платени до вторник до 18 часот, според американско време во Вашингтон. Тие пари припаѓаат на меѓународната заедница, што значи и на луѓе кои имаат понизок стандард од Грците. Се надевам дека уплатата ќе биде извршена до 18 часот во вторник, категорично порача  Лагард.

Таа уште оцени дека референдумот планиран за 5 јули нема правна сила, бидејќи предлозите на кредиторите важат до 30 јули и Грците на 5 јули ќе гласаат за предлози кои веќе нема да бидат во сила. ссм/09:23

###



Шелинг: Излегувањето на Грција од еврозоната изгледа неизбежно

Виена, 28 јуни 2015 (МИА) - Излегувањето на Грција од еврозоната изгледа неизбежно, но тоа ќе биде можно ако прво Атина побара да ја напушти Европската унија, а останатите земји да го одбрат нејзиното барање, изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јорг Шелинг.

- Последиците за земјите од еврозоната не се толку страшни, колку за Грција. јасно е, дека една земја не може под никакви околности да ја уценува Европската комисија и земјите од еврозоната, посочува Шилинг.

Неговиот француски колега Мишел сапен смета дека судбината на Грција е да остане во еврозоната, и оти ниту една земја не сака таа од неа да излезе.

Тој истакна дека на вчерашната средба на еврогрупата не станувало збор за тоа Грција повеќе да не биде членка на еврозоната, иако не ја исклучи таквата можност како последица на референдумот за барањата за реформи на кредиторите кон официјална Атина во замена за финансиска помош. ссм/10:27

###



Италија ги зајакнува безбедносните мерки поради терористичка закана од Балканот

Рим, 28 јуни 2015 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Италија наложи да се зајакнат безбедносните мерки на три пристаништа на јадранското Море, посочени како веројатни места од од каде терористите од Балканот би влегле во Европа.

Зајакнати се мерките за Анкона, Бари и Бриндизи, соопштува БТА, повикувајќи се на експерти, кои побарале да останат анонимни.

- Максимален степен на готовност е воведен по брегот на акваторијата која граничи со Албанија. Засилената контрола има и за цел да се спречат евентуални терористички напади на самите пристаништа, но и да се осуетат обидите за транзит на џихадисти во Сирија и Ирак.

Вчера министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано предупреди дека е зголемена терористичката закана по нападите во Тунис, Франција и Кувајт. ссм/12:50

###


   



Доминик Строс-Кан ја повика Европа да ја суспендира исплатата на долгот од Атина

Париз, 29 јуни 2015 (МИА) - Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, кој беше на оваа функција на самиот почеток од грчката криза , ја повика Европа да прифати привремена суспензија на исплатата на долгот од страна на Атина, јавува дописникот на МИА од Париз.

Поранешниот француски министер за финансии го изнесува овој предлог во една декларација  на три страници на англиски и француски јазик, со наслов „Учиме од грешките", испратен преку неговиот профил на Твитер, а во момент кога Грција во вторник може да се соочи со проблемот да не може да ги подмири обврските кон доверителите по неуспехот на преговорите во саботата со своите партнери од еврозоната.

Тој сугерира „Грција да не добива нови средства од Европската унија, како и од  ММФ, но да се озвоможи продолжување на рокот на исплата, па дури и масовно намалување на номинален долг кон јавните институции. "

"Ова ќе ја ослободи Грција од сите обврски кон официјалниот сектор (владините институции) за следните две години", вели Строс-Кан кој учествуваше во првите дискусии за ризиците од колосалниот грчкиот долг (180% од БДП денес) започнувајќи од 2010 година.

"Ова ќе ја турне земјата во тешко ограничување на буџетот, бидејќи таа не ќе може да позајмува на пазарот, веќе нема да добива финансиски средства од ЕУ или ММФ и ќе треба самата да го избалансира својот буџет" вели понатаму Строс-Кан .

Зборувајќи за „тешките буџетски ограничувања" за Грците, тој ја наведува даночната реформа, битката „против олигархијата, приватните интереси и тежината на државниот апара ". Тие самите ќе го направат изборот", без ограничување од надвор, инсистира тој.

Ако ова профункционира, Грција би можела да има право на постепено бришење на долгот", смета поранешниот директор на ММФ, според кој „само десет милијарди предвидени за рекапитализација на банкарскиот систем треба да и се исплатат на Грција за да и се овозможи на Европската централна банка  да ја продолжи програмата за итна помош.“

„Не е сигурно дека оваа идеја може да функционира", признава Строс-Кан, кој ги повикува грчките власти на храброст и независност.

Во својот текст, тој го критикува неколку пати „глупавиот" карактер или „катастрофално тешките фискални приспособувања", кои беа како правило во еврозоната како последица од кризата.

За него "важно е владите да не ја повторат истата грешка“. „Да се присили грчката влада да попушти ќе создаде трагичен преседан за европската демократија и би можело да повлече неконтролирани верижни реакции", вели тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...