Ципрас бара времено продолжување на договорот за помош на Грција

Атина, 29 јуни 2015 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа соопшти дека се обратил до лидерите на европските институции и на членките на евроозната со молба да ја изменет одлуката на Еврогрупата за прекин на програмата за помош на Грција.

- Само тие можат да ја сменат одлуката на Еврогрупата и да и дозволат на Европската централна банка (ЕЦБ) да го обнови финансирањето на грчките банки, посочи Ципрас во обраќање до нацијата.



Тој нагласи дека Владата на Грција ќе ги гарантира банкарските депозити и исплатата на плати и пензии за населението, потврдувајќи ја при тоа владината одлука за времено затворање на банките и на атинската Берза.

Ципрас додаде дека одлуката на кредиторите на Грција за отфрлање на барањето на Атина за „кусо продолжување“ на финансиската програма за спас, претставува „чин без преседан“, чија цел е да се доведе под сомнеж способноста на една земја да го реши проблемот што го загрозува нејзиниот суверенитет.  

- Со таквата одлука Европската централна банка денеска реши да ја ограничи ликвидноста на грчките банки и ја принуди централната Банка на Грција да прогласи „банкарски одмор“ и да го ограничи повчекувањето на пари, изјави Ципрас.

ЕЦБ вчера соопшти дека внимателно ја следи состојбата во Грција со масовното повлекување на пари од грчките банки и дека е подготвена да ја „преразгледа својата одлука“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...