Средба на премиерите на Србија и Косово во Брисел

Брисел/Белград, 29 јуни 2015 (МИА) - За помалку од седум дена, денеска во Брисел ќе се одржи втора средба на премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа, на која ќе продолжи дијалогот по нерешените клучни прашања, објавија белградските медиуми.

Вучиќ вчера во Белград изјави дека претстојните преговори нема да бидат ниту лесни, ниту едноставни, но дека ќе замине за Брисел со верба и надеж за постигнување договор.

Како што јави „Данас“, Вучиќ нагласи дека за Србија од суштинско значење е постигнување договор за формирањето на Заедницата на српските општини во Косово, како и за телекомуникациите, енергетиката и „Паркот на мирот“ во Косовска Митровица.

Американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби, пак, во интервју за Танјуг нагласи дека ако на денешниот дијалог меѓу Блеград и Приштина биде постигнат напредок, Европската комисија би можела да предложи отпочнување разговори по нова глава од преговорите за членство на Србија во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...