Грчкиот претседател го потпиша укзот за референдумот за помош

Атина, 29 јуни 2015 (МИА) - Грчкиот претседател Прокопос Павлопулос го потпиша денеска указот за одржување на референдум во Грција на 5 јули, на кој Грците треба да се изјаснат дали сакаат продолжување на програмата за помош на земјата, во замена за спроведување реформи и мерки на штедење, јави ТАСС.

Одлуката за свикување на референдумот ја донесе грчкиот премиер Алексис Ципрас во ноќата меѓу петокот и саботата, со цел како што рече да им овозможи на Грците да го изнесат својот став по предложениот план од страна на кредиторите за помош на Грција.  

- Овие правила, кои очигледно ги кршат европските норми и основните права на трудот, еднаквсота и достоинството, покажуваат дека целта на некои наши партнери и институции не била постигнување на договор прифатлив за сите, туку можеби понижување на цел еден народ, изјави Ципрас.

Според него, Владата е должна на еден ваков „ултиматум да одговори со суверената волја на народот“.

Во меѓу време, поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската партија Нова демократија, Андонис Самарас го повика Ципрас да го откаже референдумот и да се обиде да формира влада на национално единство.

- Нашата земја треба да остане во Европа и во еврозоната. Господин Ципрас треба да продолжи да преговара, изјави Самарас.

Според него, доколку Ципрас не може сам да постигне договор со кредиторите, тогаш треба да се обиде да обезбеди широк национален консензус, преку формирањето на влада на национално единство.

Кредиторите ги прекинаа преговорите со Грција, откако Ципрас го закажа референдумот за 5 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...