„То Вима“: Денеска ќе биде прогласен банкрот на Грција

Финансиските околности во Грција ќе се влошат и до референдумот ќе има уште повеќе непријатни изненадувања. Позицијата на земјата брзо се влошува, пишува денеска „То Вима“.

По затворањето на банките и наметнувањето контрола на капиталот, денеска и официјално ќе биде прогласен банкрот, истакнува весникот.

Грчката Влада нема средства да го плати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд, што значи дека не може да ги исполни своите обврски. Без оглед на тоа дали долговите се прогласени за задоцнети, процедурата за транзиција на земјата во состојба на банкрот ќе биде иницирана автоматски, информира „То Вима“.

Според некои извори на кои се повикува весникот, како што јави дописникот на МИА од Атина, Европската централна банка ќе дејствува без одложување, третирајќи ја грчката слабост како знак за банкрот и драстично ќе ја намали вредноста на гаранциите понудени од страна на грчките банки за потребите за рефинансирање.

- Во суштина нашите банки ќе имаат ограничени опции за финансирање, ќе се смета дека тие го немаат потребниот капитал и ќе пропаднат за неколку дена, пишува „То Вима“.

Весникот додава дека банките нема да бидат во состојба да ги покријат 60-те евра кои Грците дневно можат да ги повлечат од своите сметки.

Министерството за финансии призна дека на пензионерите не може да им исплати 240 евра и оваа исплата ја ограничи на 120 евра. Никој не верува дека банките можат да се вратат кон нормално функционирање без поголеми последици за нив и нивните клиенти.

- Со други зборови, развојот на настаните е драматичен за грчката економија од моментот кога пропаднаа разговорите и беше најавен референдумот, без да се направат било какви подготовки од суштинско значење. И сето тоа во само три дена, ќе има многу повеќе до референдумот. Ќе бидеме сведоци на уште многу работи до недела“, подвлекува „То Вима“.

За жал, оние кои се одговорни - и покрај тоа што беа предупредени долго пред да ги преземат нивните должности, не ја сфаќаат, дури ни сега, критичноста на околности и не го сфаќаат степенот на претстојната национална катастрофа, коментира весникот.

- Непристојно е што премиерот изгледа опуштен, мирно изјавува дека еден ден по референдумот се ќе биде нормално и дека тој ќе биде во позиција да постигне договор со нашите партнери во неколку часа!“, заклучува „То Вима“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...