На што се должи кризата во Грција?

Грција, најслабата алка во еврозоната е се поблиску до тоа да остане само со сопствениот долг. Земјата долго време преговара со европските кредитори за да ја добие финансиската помош од неколку милијарди долари. Ако земјата отиде во банкрот или ако одлучи да ја напушти еврозоната која што ја чинат 19 земји членки, ситуацијата може да го дестабилизира регионот што „ќе одекне“ во целиот свет, пишува Њујорк Тајмс.

Американскиот весник анализира на што се должи кризата во Грција и кои би биле евентуалните последици доколку земјата излезе од еврозоната.

Грција го пропушти вчерашниот рок да исплати рата околу 1, 6 милијарди евра на ММФ. Неколку часа пред истекот на рокот премиерот Алексис Ципрас побара од еврозоната да обезбедат помош, со што ќе и се обезбеди време на Атина понатаму да преговара околу должничката криза.

Претходно, канцеларката Aнгела Меркел изјави дека нема да има нови преговори со владата на Ципрас пред референдумот што треба да се одржи во недела. Грците ќе бидат прашани дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ прифаќањето на понудата што минатата недела ја дадоа кредиторите.

ММФ не ги искористи вообичаените термини откако Грција не го подмири долгот во дадениот рок, туку ја премести земјата во редот на т.н. должници.

Агенциите за кредитен рејтинг нема да ја земат во предвид ненавремената исплата кон ММФ, поради тоа што, технички гледано, ММФ не се смета за комерцијален позајмувач. Но, агенцијата„Стандард енд Пурс“ вчера изјави дека ќе ја именува Грција како недефинирана доколку земјата неможе да ги изврши уплатите за приватните кредитори, како што се двете милјарди евра во Грчки трезорски записи што допсеваат на 10-ти јули.

Без разлика на техничкиот статус на земјата, неплаќањето на долгот најверојатно ќе се покаже како предупредување дека Грција најверојатно нема да биде во состојба да ги исполни своите обврски во наредните недели кон носителите на обврзници, како и кон ЕЦБ. Поради ова Централната банка најверојатно нема да покаже интерес да продолжи со итната помош која го држеше на нозе грчкиот банкарски систем во изминатите неколку недели.

Што ќе се случи потоа?

Ова е прашање од милијарда евра, пишува „Њујорк тајмс“.

Референдумот во недела ќе покаже дали Грците сакаат да останат во еврозоната. Исто така можно е да се одржат нови избори доколку финансиската ситуација се влоши. Исто така, Грција би можела да ја тестира волјата за помош на Русија и Кина, додека Европа и натаму се двоуми.

Некои аналитичари велат дека вистинскиот краен рок е кон крајот на јули, по сите предупредувања дека вчерашниот ден беше за Грција „да земе или да остави“. Во јули истекува рокот кога Грција треба да ја уплати ратата од 3, 5 милијарди евра во ЕЦБ. Ако во тоа време не биде испратена меѓународната помош, а мошне се мали шансите за такво нешто, тогаш централната банка најверојатно ќе престане да им ја дава поддршката на Грчките банки.

Како ќе се одрази кризата на глобалниот финансиски систем?

Откако отпочна грчката должничка криза во 2010-татат година, најголем дел од меѓународните банки и странски инвеститори ги продадоа грчките обврзници и другите имоти, за да не бидат на директен удар, без разлика на тоа што ќе се случи во Грција.

А во меѓувреме, другите земји во еврозоната што исто така беа погодени од кризата, како Португалија, Ирска и Шпанија, преземаа чекори за опоравување на нивните економии и се многу помалку подложни на пазарните промени отколку пред неколку години.

Сепак, Грција може да се поврзе со светските финансиски системи, иако тоа можеби нема да биде видливо се до колапсот на грчките банки. Значи, сепак постои опасност од сериозни, непредвидливи последици.

Претседателот на Европската Комисија Жан – Клод Јункер, изјави дека преговорите помеѓу Грција и кредиторите биле уништени со објавата на референдумот.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас ја изненади Европа во текот на викендот со повикот за референдум за гласачите да одлучат дали ги прифаќаат условите и предлозите на европските кредитори.

Досега кредиторите одбиваа да гарантираат проширување на сегашната програма за спас на земјата. Без проширувањето на програмата, Грција нема шанси да ја прими преостанатата помош во рамки на сегашната програма, којашто изнесува околу 7, 2 милијарди едвра.

За сите договори со Грција по референдумот ќе бидат потребни нови преговори и нова програма.

Во понеделникот Јункер ги повика Грците да ги прифатат условите на спогодбата. Од тоа може да се претпостави дека Јункер го подготвува теренот за да се продолжат разговорите за помош на Грција, кои што понатаму би можеле да резултираат со исполнување на грчките барања за намалување на државниот долг.

Грчките банки се солвентни на хартија, но позајмувањето на пари е во застој и не се во можност понатаму да ја финансираат економијата во земјата.

Грките банки можеби ќе ги отворат вратите оваа недела, но многу малку е веројатно дека ќе работат нормално во идниот период. Откако колабрираше банкараскиот систем на Кипар во 2013-та беа потребни две години за владата на Кипар целосно да ги прекине рестрикциите на банкарските трансакции. Исто така, Кипар ја задржа помошта од ЕЦБ, нешто што Грција од денеска најверојатно нема да го има.

И ако грчките банки „замрзнат“, тоа ќе создаде хаос на финансиските пазари, бидејќи Грција се уште не ги применува европските правила за уредно исклучување на неуспешните банки.

Колку е веројатно дека ќе следи „Грегзит“?

На врвот на должничката криза пред неколку години, голем број експерти беа загрижени дека проблемите на Грција ќе се истурат врз остатокот од светот. Ако Грција останеше на долгот и ја напуштете еврозоната, според нив, тоа можеше да создаде глобални финансиски шокови поголеми од колапсот на Лиман брадерс.

Сега, како и да е, некои аналитичари веруваат дека ако Грција ја напушти еврозоната, што се нарекува „Грегзит“, нема да се предизвика толку голема катастрофа. Европа стави заштитни механизми за да се ограничи т.н. финансиско загадување, како начин за да се обезбеди проблемите да не се прошират и во другите земји. Грција е само мал дел од економијата на еврозоната и може да обезбеди фискална автономија и со излегување од еврозоната, што според истите аналитичари, би било подобро отколку земјата постојано да зависи од поддршката на „соседите“.

Според други, ова е доста поедноставен поглед на нештата. И покрај фрустрациите од бескрајните преговори, според европските политички лидери Обединета Европа е императив. Во исто време, тие се уште ги немаат подобрено најголемите недостатоци на структурата на еврозоната, преку создавање на повеќекратен федерален систем за пренос на пари меѓу државите членки – како што тоа го прават државите во САД.

Напуштањето на еврозоната и Европската унија за Грција ќе значи и поминување низ „правно минско поле“, нешто што ниту една земја сé уште не се осмелила да го мине. Исто така, постојат одредби за заминување, доброволно или присилно, од еврозоната.

Инвеститорите исто така веруваат дека Грција ќе постигне договор со доверителите пред или по референдумот, особено поради тоа што анкетите покажуваат оти мнозинство Грци сеуште се за задржување на еврото како парична валута во земјата.

Грција стана епицентар на должничката криза во Европа по згаснувањето на Вол Стрит во 2008-мата година. Додека глобалните финансиски пазари се уште се опоравуваа, Грција во октомври 2009 година објави, ако се земе во предвид нејзиниот долгогодишен дефицит, алармот за очајната состојба на грчките финансии.

Одеднаш, Грција го прекина од задолжувањето на финансиските пазари. До пролетта 2010 година, се движеше кон банкрот, којшто се закануваше да предизвика нова финансиска криза.

За да се спречи катастрофа, т.н. тројка – Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија – ги издаде првите два пакета меѓународна финансиска помош за Грција, кој на крајот ќе изнесува повеќе од 240 милијарди евра.

Финансиската помош дојде со услови. Кредиторите поставија повеќе мерки за штедење, се бараа длабоки намалувања на буџетот и стрмни зголемување на даноците. Тие, исто така, бараа од Грција да направи ремонт на својата економија преку рационализирање на владата, ставање крај на даночното затајување и Грција да стане едно од најдобрите места за правење бизнис.

Ако Грција доби повеќе милијарди додека беше во криза, зошто постои уште една криза?

Со парите требаше да се купи време на Грција да ги стабилизира своите финансии и да се отстранат стравувањата дека еврозоната самата по себе ќе се распадне. Додека ја добиваше помошта, економските проблеми на Грција не исчезнаа. Економијата доживеа пад за една четвртина во последните пет години, а невработеноста е над 25 проценти.

Парите од финансиската помош главно одат за исплата на меѓународните заеми на Грција, наместо за подобрување на економијата. И Владата се уште има неверојатно оптоварување со долгови што нема да може да ги отплати, доколку економијата не почне да се движи во нагорна линија.

Многу економисти, и многу Грци, ги обвинуваат мерките за штедење за продолжувањето на проблемите на земјата. Левичарската СИРИЗА партија дојде на власт годинава со ветување дека ќе се преговара за финансиска помош. Ципрас рече дека мерките на штедење ја создадоа „хуманитарната криза“ во Грција.

Но, огорчените кредитори на земјата, особено Германија, ја обвинуваат Атина дека не успеа да ги спроведе економските реформи наложени со договорот за финансиска помош. Тие не сакаат да ги променат правилата за Грција.

И покрај мноштвото спротивставени ставови, сите се сложуваат во едно: Грција уште еднаш ќе остане без пари – и тоа брзо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...