Ципрас порача на референдумот да се гласа со „НЕ“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен за постигнување на договор, доколку меѓународните кредитори ги прифатат барањата на грчката влада. Во писмо упатено до Тројката,Грција побара неколку промени во рамките на условите што се бараат од нив.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчката Влада вчера уште еднаш ги повика граѓаните на референдумот в недела да гласаат со „НЕ“, доколку станува збор за неповолен договор.

Според последната анкета спроведена од грчките медиуми, се чини дека на референдумот ќе доминира одговорот „НЕ“ за мерките за штедење, иако ваквото расположение бележи пад по затворањето на банките.

Грците, а со нив и остатокот од светот, веќе почнаа да ги одбројуваат деновите, часовите и минутите до одржувањето на референдумот. За три дена, грчкиот народ ќе го каже својот став за мерките за штедење што ги бараат меѓународните кредитори.

– Грците мора да глaсаат со не. Грците не може да страдаат повеќе, умираме. Не сакаме повеќе катастрофа. Нашите деца немаат млеко за пиење, вели за Нетпрес симпатизерка на Сириза.

– Гладен сум од вчера. Немам јадено ништо од вчера, вознемирено вели еден постар Грк.

– Живееме како робови. Нешто мора да се смени во нашата земја, вели друг.

Ова утро во грчката престолнина осамна со вистински хаос пред банкарските експозитури кои што ги отворија своите врати исклучиво за пензионерите. Според владината одлука, пензионерите кои што не користат платежни картици, од банките ќе можат да извадат најмногу до 120 евра неделно. Состојбата на бензинските пумпи во грчката престолина е под контрола.

Вчера вечер пак, на плоштадот Синтагма пак, уште еднаш се одржа собир на про-европските поддржувачи, откако ден претходно, илјадници Грци излегоа на истиот плоштад за поддршка на владината политика.

Во меѓувреме германските, а по нив и руските медиуми, објавија протечени документи од ММФ според кои што Грција ќе остане во криза најмалку до 2030 година, дури и ако ги прифати мерките за штедење на кредиторите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...