Албанската полиција уништи 2.630 стебла марихуана

Албанската полиција продолжува со акцијата на уништување на цели парцели засадени со марихуана.

На четири одделни места во подрачјето на Торпоја, Валона, Круја и Ѓирокастро уништени се 2.630 стебла марихуана, кои достигнувале висина и до 120 сантиметри. Притворени се четири лица додека по две се трага.

Полицијата од Тропоја, во атарот на селото Кернаја открила осум парцели и уништила околу 900 стебла марихуана. Околу 185 стебла марихуана уништила полицијата од Валона во атарот на село Гуменица,засадени во планински предел. И во двата случаи стеблата биле високи до 120 сантиметри. Полицијата трага по сопствениците. Во близина на Круја откриени се пет парцели со 445 стебла марихуана и притворени се три лица од нив еден малолетник на возраст од 17 години. Полицијата од јужниот град Ѓирокастро уништила 1.100 стебла марихуана во подрачјето на Голем, едно од најубавите туристички места на албанското крајбрежје. Уапсено е едно а се трага по уште едно лица.

Во големата акција за уништување на парцели засадени со марихуана, за нешто повеќе од еден месец албанската полиција уништила околу 30 илјади стебла со ова наркотично растенија, кое е распослано низ целата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...