Варуфакис поднесе оставка, кој ќе биде новиот министер за финансии

Атина, 6 јули 2015 (МИА) - Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис поднесе оставка, информираат грчките електронски весници, повикувајќи се на владини извори.

Варуфакис оставката му ја врачил на премиерот Алексис Ципрас.

Се смета дека неговото повлекување се должи на силниот притисок од своите политички противници за да постигне поповолни услови во преговорите со кредиторите за надминување на грчкиот долг, а, исто така, и на острите написи и лични напади врз него и неговата сопруга, кои, според медиумите, ја прелеале чашата.

Воедно и на својот профил на Twitter, набргу по објавување на резултатите од референдумот, напиша:

- Брзо по соопштувањето на резултатите од референдумот ми беше укажано дека некои членови на Еврогрупата и различни „партнери“ би преферирале мое „отсуство“ на своите средби, идеја која од страна на премиерот беше оценета како нешто што може да е од помош за да се постигне согласност. Поради тоа, денеска го напуштам Министерството за финансии“.

Името на новиот министер за финансии на Грција ќе биде соопштено по денешниот состанок на политички лидери.

- Јанис Варуфакис како министер за финансии играше водечка улога во преговорите од првиот ден на Владата. Премиерот чувствува потреба да му се заблагодари за неговте постојани напори да ги промовира ставовите на Владата и интересите на грчкиот народ, во многу тешки услови, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис. Министерот за финансии Варуфакис денеска поднесе оставка „со цел да му олесни на премиерот во преговорите со доверителите“. Во писмото со оставка тој наведе дека „набрзо по објавувањето на резултатите од референдумот, од некои членки на Еврогрупата и партнери му било ставено до знаење дека неговото отстуство од состаноците е предност“. - Премиерот процени дека оваа идеја е потенцијално корисна за тој да постигне договор. Поради оваа причина, јас денеска си заминувам од Министерството за финансии, наведе Варуфакис.

Грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори, тврдат деја најверојатно Варуфакис ќе го наследи заменик-министерот за меѓународни економски односи Евклидис Цакалотос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...