Излез на Грција од еврозоната „без драматизирање“

Париз, 6 јули 2015 (МИА) - Еден ден по масовно „не“ на Грците за планот на кредиторите, поранешниот француски премиер и еден од потенцијалните претседателски кандидати на опозицициските Републиканци, Ален Жипе побара од ЕУ да „организира“ излез на Грција од еврозоната „без драматизирање“ на работите, јави дописникот на МИА од Париз.

Според Жипе, доколку ЕУ се обиде да ја задржи Грција во еврозоната по секоја цена ќе го направи ранлив целиот систем. Така, според проценките Жипе, кој е градоначалникот на Бордо, излезот на Грција од еврозоната сега се чини „неизбежен или пожелен“.

- Грција и ЕУ мора да извлечат поуки од референдумот, смета Жипе.

Тој смета дека грчката Влада на Алексис Ципрас „е умешна во претворањето во жртва“. - Не се сомневам дека ќе најде многу сојузници во нашите медиуми, кај нашите економисти или на левото крило од левицата, за да ги обвини алчните доверители, додава Жипе во белешка објавена изутринава на неговиот блог.

- Не треба да се заборави дека ако грчката економија е таму каде што е, тоа е првенствено затоа што пред неколку години беше откриена конечно вистината за нејзините сметки и за големината на дефицитите и дека реформите кои требаше да бидат спроведени уште поодамна за да се модернизира даночниот и пензискиот систем не беа спроведени, додава Жипе.

Тој потсетива дека Грција има добиено „огромни суми“ од структурните фондови на ЕУ и добар дел од нејзиниот банкарски долг е избришан, со што ЕУ направила многу за да и помогнеме.

- Тоа, значи дека Грција веќе не е во можност денес да ја почитува дисциплината на еврозоната. Обидите да се задржи таму по секоја цена со ад хок аранжмани, ќе го ослабне целиот систем. Ние треба да и помогнеме да го органзира своето излегување, без драматиизџрање. Што не значи дека мора да ја напушти Унијата. Таа може, ако сака, да го задржи своето место како другите земји-членки кои не се приклучија на еврозоната, оценува тој.

Жипе, исто така, повикува да се извлечат поуки за еврозоната, која спорд него, направила грешки.

- Ние не можеме да функционираме со единствена валута без вистинска економска влада, способна да донесе брзи одлуки и да организира економска конвергенција на зоната. Постигнат е напредок на фискалниот и банкарскиот план. Но, сега треба да одиме понатаму во процесот на интеграција, вклучувајќи го и даночниот систем. Очекуваме силна иницијатива на Франција и Германија во таа насока, дидава Жипе.

Во однос на Франција, Жипе смета дека земјата „не може да продолжи да се доближува до долг од 100 проценти од БДП“. - Ако не успееме да го контролираме нашиот дефицит, најмалото зголемување на каматните стапки ќе не одведе кон фискална катастрофа. Затоа е потребна друга економската политика, заклучува Жипе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...