Нема да склучиме неспроведлив договор со кредиторите

Атина, 7 јули 2015 (МИА) - Грција нема да се согласи на неспроведлив договор со кредиторите, изјави синоќа новоназначениот грчки министер за финансии Евклидис Цакалотос, пренесе БТА.

Денеска тој заминува за Брисел каде ќе учестува на средбата на министрите за финансии од еврозоната, на која ќе се разгледа натамошното финансирање на Атина. 

Цакалотос не кажа што подразбира под неспроведлив договор.

Зборувајќи за неделниот референдум, на кој големо мнозинство од граѓаните во земјата ги отфлрија условите од спогодбата, поставени од кредиторите, тој изјави дека дадениот сигнал од општонародното изјаснување „ќе остане во економската историја“.

Тој го пофали својот претходник на функцијата Јанис Варуфакис, кој вчера поднесе оставка на молба на премиерот Алексис Ципрас, за да се активираат запрените преговори.

- Ние дојдовме до оваа точка од преговорите благодарение на Варуфакис. Целата планета сега разгледува спроведливо решение за (должничкиот проблем на) Грција. Мислам дека сите ние, целиот народ, треба да му кажеме огромно благодарам. Се надевам дека ќе ја продолжам оваа работа, а тој ќе ми помага со совети, подвлече новиот грчки министер за финансии.

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната итна средба на лидерите на еврозоната да донесе нови конструктивни предлози.

Зборувајќи во холандскиот Парламент, Дејселблум кажа дека без јасен пакет од реформи останувањето на Грција во еврозоната е „многу проблематично“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...