Европарламентот им оддаде почит на жртвите од Сребреница

Стразбур, 7 јули 2015 (МИА) - На почетокот на пленарната сесија на Европскиот парламент, европратениците им оддадоа почит на жртвите од масакрот во Сребреница, јави дописникот на МИА од Стразбур.

- Ова злостроство не требаше да се случи. Наш колективен неуспех е што неуспеавме да го спречиме и тоа за нас претставува срам, изјави во својот говор претседателот на Европарламнетот, Мартин Шулц. 

Тој притоа им оддаде почит на жртвите и им изрази искрени сочувства на нивните семејства.

- Ние не треба никогаш да ја заборавиме Сребреница, бидејќи не може да има помирување пред да бидат признати страдањата и болките, рече Шулц, оценувајќи го како „отровна реторика“ популистичкото поттикнување за етничкото чистење кое го отврои патото за редифиниција на границите и кое ги негираше мултиетничките и мултирелигионзите корени на Балканот. - Ние треба да се грижиме за да не се рагорат старите демони, ниту да се поттикнуваат нови, предупреди претседателот на Европарламентот.

Тој нагласи дека вратата на Европа останува отворена за оние кои ќе тргнат по патот на демократијата и правната држава, „со заедничко разбирање дека помирувањето е витално за безбедснота и соработката на западен Блакан“.

Во Сребреница пред дваесет години на 11 и 12 јули 1995 година беа убиени повеќе од 8.000 Бошњаци, во најголемото злосторство извршено на територијата на Европа по Втората светска војна. Во 2007 година, Хашкиот суд го прогласи масакрот за геноцид.

Европскиот парламент досега има усвоено две резолуции за Сребреница, но претставникот на пратеничката група на либералите, Иван Јаковчиќ апелираше во четврток да биде усвоена уште една резолуција, како поддршка од европратениците и со цел „геноцидот да биде одбележан со достоинство“.

Усвојувањето на резолуцијате е предвидено за в четврток во рамки на дебатата посветена на 20-годишнината од масакрот во Сребреница

Вчера европратениците Јозо Радош од Хрватска, Едуард Кукан од Словачка и Словенците Тања Фајон и Игор Шолтес, пред влезот во пленарната сала на сите европартеници им поделија рачно изработени рози од страна на членките на здружението „Мајките на Сребреница и Жепа", со цел како што рекоа да „потсетуваат дека таков ужасно кривично дело никогаш повеќе не смее да се повтори“.

На комеморацијата во Сребреница на 11 јули , Европскиот парламент ќе го претставува потпретседателката Улрике Лунацек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...