Вучиќ повреден од удар со камен во Поточари, Клинтон му се заблагодари на храброста

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска беше лесно ранет од удар со камен во лицето за време на комеморацијата за одбележување на 20 години од трагедијата во Сребреница, пишува весникот „Блиц“.

Вучиќ и лицата, кои го придружуваа се евакуирани и се на пат кон Белград, додава весникот.

На влезот на гробиштата, каде се погребани посмртните останки на жртвите, разлутена група граѓани ја проби заштитната ограда и се упатија кон Вучиќ и неговата делегација, фрлајќи кон нив со камења, шишиња и чевли.

- Беше страшно, не гаѓаа со што ќе стигнеа, изјави член на делегацијата на Србија.

Според него тие извикувале „Четнику, врати се дома“ и „Алах е голем“.



Српскиот премиер беше исвиркан и од дел од присутните на комеморацијата во Меморијалниот центар.

Вучиќ претходно денеска запишувајќи се во Книгата на жалоста изрази најдлабоко почитување кон жртвите на злосторствата во Сребреница и порача дека оваа трагедија никогаш не смее да се заборави, како и дека е време да почне да се гради поинаква иднина на српскиот и бошњачкиот народ.

- Се надевам дека вакво ужасно злосторство повеќе никогаш нема да се случи. Верувам во поинаква и подобра иднина во односите меѓу српскиот и бошњачкиот народ и изразувам најдлабоко почитување кон сите жртви, нивните семејства, напиша српскиот премиер во Книгата на жалост.

- Тука во Сребреница обврска на секој од нас е да ја наведнеме главата и да не заборавиме и да почнеме да создаваме поинаква иднина, порача Вучиќ.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој исто така присустуваше на комеморацијата му се заблагодари на Вучиќ поради тоа што покажал храброст да дојде во Поточари и додаде дека очекува оти тоа ќе го стори и српскиот претседател Томислав Николиќ.

- Како пријател сакам да му се заблагодарам на премиерот на Србија, кој покажа храборст да биде тука. Важно е тоа да го препознаеме, рече Клинтон, говорејќи на комеморацијата.

Повикувајќи ги лидерите присутни во Меморијалниот центар да работат заедно, Клинтон истакна дека сака во Сребреница да го види и Николиќ, што според него би значело нов почекот.



Тој истакна дека е благодарен дека и по 20 години Босна и Херцеговина е мирна земја.

- Таа е блиску до членството во ЕУ, учесник во мировни мисии. Јас сум благодарен за сето тоа. Но војната која тука ја водев како претседател тогаш и подоцна на Косово беа едни од најважните работи што ги направив, нагласи Клинтон, изразувајќи жалење поради тоа што било потребно толку долго време за да се постигне единство.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во обраќањето на комеморацијата изјави дека цврсто верува во помирувањето и нов почеток засновани на вистината, прифаќање на одговорноста и сочувство за страдањата и болката на соседите и сограѓаните.

- Од ова мрачно место за 20. век, каде човештвото ја научи една од своите најболни лекции во име на Хрватска и во свое име, на народите и на сите граѓани на БиХ им посакувам светла иднина, мир, соживот и просперитет. Хрватска е со вас, рече таа.

Заменик-генералниот секретар на Обединетите нации Јан Елијасон им го пренесе денеска сочувството и солидарноста на првиот човек на ОН Бан Ки-мун за сите жртви, кои како што рече, Светската организација и меѓународната заедница не успеале да ги заштитат.

Обраќајќи се на комеморацијата тој посочи дека ОН се повторно обврзани целата вистина за тоа што се случило во тој град во 1995 година да биде откриена.

- Потрагата по оние кои не се пронајдени ќе продолжи, а правдата ќе ги стигне одговорните, додаде Елијасон.

Тој уште нагласи дека омразата не се враќа со омраза и дека сите заедно треба да изградат еден подобар свет и иднина за сите.

Пред присутните се обрати и премиерот на Турција Ахмет Давутоглу, кој порача дека геноцидот кој се случил во Сребреница не смее повеќе никогаш да се повтори, забележувајќи дека „оние кои убиле осум илјади мажи го убиле целото човештво“.

Наведувајќи дека постои и етичка димензија во трагичните случувања од пред 20 години, Давутоглу потсети дека меѓународната заедница не била во состојба да го спречи злосторството.



Давутоглу додаде дека земјите во регионот мора да се обединат во напорите за подобра соработка, не заборавајќи при тоа што се случило во Сребреница, но и да не пропагираат омраза и одмазда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...