Договорот со Грција ќе и дозволи да остане во еврозоната

Брисел, 13 јули 2015 (МИА) - Грција ќе добие нова финансиска помош, одлучија едногласно лидерите од еврозоната, наведе Доналд Туск претседател на Европскиот совет кој претседаваше со средбата на еврозоната посветена на Грција.

- Се е подготвено Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи, наведе Туск на Твитер.

Договорот на средбата на високо ниво на еврозоната ќе и овозможи на Грција да остане во монетарната унија под услов да ги почитува правилата на Европската унија, изјави францускиот  претседател Франсоа Оланд.

- Европските лидери успеаја да ја постигнат главната цел на преговорите - да го зачуваат единството и солидарноста на еврозоната, нагласи Оланд, по објавувањето на договорот за третиот план за помош на Грција,

Тој додаде дека втора цел била да им се даде надеж на Грција и на грчкиот народ.

- Го сакав тоа повеќе во интерес на Грција. Тоа е и во интерес на Европа и, исто така, и на Франција. Франција имаше посебна улога барајќи да се доближат позициите. Мислам дека тоа беше добра ноќ за Европа, нагласи Оланд.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Оланд нагласи дека до договорот е дојдено по многу разговори.

- Денеска имаме една историска одлука. Министрите за финансии ќе бидат задолжени за дефинирање на краткорочните придружни мерки за да се запечати финалниот договор, додаде францускиот

Оланд го поздрави „историскиот договор“ на ЕУ и „смелиот избор на грчкиот премиер Алексис Ципрас“ѓ, најавувајќи дека францускиот Парламент в среда ќе гласа за договорот со Грција.

Тој исто така најави дека грчкиот Парламент ќе се состане „во следните неколку часови, за да донесе нови реформи“.

Одлуката беше донесена по 22 часа преговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...