Давутоглу: Турција нема да испраќа копнени сили во Сирија

Истанбул, 27 јули 2015 (МИА) - Турција нема планови за испраќање копнени сили за операции во Сирија, но има договор со САД за воздушна поддршка за умерената сириска опозиција кои се борат против Исламска држава, изјави премиерот Ахмет Давутоглу.

- Важен момент е доставувањето поддршка од воздух за Слободната сириска армија и за другите умерени сили на сириската опозиција кои се борат против ИД. Ако ние не испраќаме копнени сили во Сирија, тогаш тие сили кои дејствуваат како копнени сили заедно со нас имаат потреба од заштита, нагласи Давутоглу на брифинг со медиуми.

Давутоглу додаде дека сириската курдска партија Демократски сојуз може да има место во нова Сирија ако не и попречува на Турција и соработува со опозициски сили. Таа партија е поврзана со ПКК.

Турски воени авиони вчера повторно бомбардираа кампови на ПКК во планини во северен Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...