Цел на турската операција не се сириските Курди

Анкара, 27 јули 2015 (МИА) -Во турската воена операција во Сирија и во Ирак цел не се Курдите, изјави денеска турски претставник кој побара анонимност, по информацијата дека турски тенкови пукале врз село под контрола на сириските курдски милиции.



- Сегашните операции имаат за цел да ги неутрализираат заканите против турската национална безбедност... Партијата на Курдите во Сирија и другите не се цел на воените операции, истакна неименуваниот извор.

Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека турски тенкови синоќа стрелале врз селото Зор Магхар во провинцијата Алепо, на границата со Турција. Селото Зор Магхар е под контрола на сириските Курди. 

Турската полиција изутринава изведе неколку рации и приведе 34 лица, под сомнение дека се работи за екстремисти од Исламската држава (ИД) и курдски милитанти, информираат локалните медиуми, потсетувајќи на воздушните удари на турското воено воздухопловство на позициите на ИД и курдските бунтовници во Сирија и Ирак.

Во изминатата недела, турската полиција на домашен терен приведе повеќе од 800 наводни припадници на ИД и на Работничката курдистанка партија (ПКК), а бомбардирањето на курдските логори во Ирак, сериозно го загрози мировниот процес меѓу Анкара и ПКК, пренесува Хина. Во најновата операција, околу 500 полицајци во кварт во Анкара приведоа 15 осомничени припадници на ИД, од кои 11 се странски државјани.

Во операцијата во Аддијаман, на југот на земјата, приведени се 19 лица, за кои постои сомневање дека се поврзани со ПКК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...