Најмалку 900 лица се уапсени во антитерористичката операција во Турција

Анкара, 27 јули 2015 (МИА) - Најмалку 900 лица се уапсени во неколкудневната антитерористичка операција спроведена во Турција.

На 24 јули Турција започна антитерористичка операција против борци на екстремистичката организација Исламска држава (ИД), Курдската работничка партија (ПКК) и други терористички организации, кои претставуваат закана за националната безбедност, соопштија турските власти.

Полицијата во Анкара утрово изврши претрес во домовите на наводни членови на ИД, при што се уапсени 15 лица, од кои 11 се странски државјани. Според полицијата, членовите на групата вршеле јавна пропаганда со цел да привлечат млади луѓе во редовите на ИД и нивно испраќање во Сирија.

Истовремено со акцијата, вооружените сили на Турција извршија неколку напади врз позиции на ИД во Сирија и објекти на ПКК во северниот дел на Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...