Вашингтон, 27 јули 2015 (МИА) - САД и Турција работат на конечно формирање на план за воена кампања против Исламска држава во реонот на турско-сириската граница, изјави неименуван американски претставник.
Тој посочи дека целта на „слободна зона од ИД“ е да се постигне поголема безбедност и стабилност на турско-сириската граница.
Тој додаде дека во планот не е вклучена забранета зона за летови.
Турција подолго време инситира САД да извршат притисок за прогласување на забранета зона за летови, но Вашингтон не прифаќа.
Минатата недела Анкара се согласи САД да ја користи воената база на НАТО, Инџирлик за напади врз позициите на ИД.