Владеjачката СДП во Црна Гора најпопуларна меѓу партиите, Ѓукановиќ и Вујановиќ меѓу политичарите

Подгорица, 28 јули 2015 (МИА) - Владеачката Демократска партија на социјалистите во Црна Гора има највисок рејтинг меѓу политичките партии и ја има поддршката на 42,7 проценти од граѓаните, а претседателот Филип Вујановиќ и премиерот Мило Ѓукановиќ се највисоко оценети политичари во земјата, покажува истражувањето на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), цитирано од националната телевизија РТЦГ.

Според резултатите од анкетата, трет најдобро оценет политичар е лидерот на новоформираната партија Демократска Црна Гора -Демократи, Алекса Бечиќ.

Второ по рејтинг е движењето ДЕМОС, предводено од Миодраг Лекиќ, кое ја има поддршката на 14,4 проценти од анкетираните, следено од партијата на Бечиќ со 9,2 проценти и Социјалистичката народна партија со 8,5 проценти.

Социјалдемократската партија, помалиот партнер во владеачката коалиција, се наоѓа на седмото место со 5,2 проценти.

Најдобра оценка од граѓаните, како и претходно, доби претседателот Вујановиќ (3,14), следен од премиерот Ѓукановиќ (2,98) и лидерот на демократите Бечиќ (2,64).

Најголема доверба меѓу институциите граѓаните му даваат на образовниот систем (59,1 проценти), претседателството (55,6) и Српската православна црква (55,2), а најмала доверба имаат политичките партии (34,6) и канонски непризнатата Црногорска православна црква (29,7 проценти).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...