Нема повеќе патување во Германија без виза

Се враќа визниот режим за земјите од Балканот?!

Нема повеќе патување во Германија без виза. Германија ќе преземе посебни активности со цел да се намали бројот на баратели на азил од земјите од Балканот, со повторно воведување на визниот режим за жителите на овие земји.

Притисокот, уште повеќе е зголемен во последните неколку дена откако се случија напади во повеќе хостели за мигранти, како и поради огромниот број на баратели на азил годинава.

Бројот на баратели на азил од Косово, Црна Гора и Албанија зголемен за 500 проценти!?

Би- Би- Си, повикувајќи се на информациите од Германското федерално биро за миграција и бегалци, пренесува дека откако БиХ, Македонија и Србија добија статус на „безбедни“ земји бројот на баратели на азил од овие земји бил само околу 12 отсто. Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.

Класификацијата „безбедни“ земји, овозможува полесно депортирање на барателите на азил бидејќи е мошне потешко за апликантите да докажат дека се жрви на политичка, религиозна или етничка дискриминација.

До крајот на годинава 450.000 баратели на азил

Како што наведуваат одделни медиуми, целта на ограничувањето на патувањето во Германија без виза, се должи и на фактот што голем дел од лицата кои бараат азил во Германија и некои други земји на ЕУ, како што се Франција, доаѓаат токму од Западен Балкан.

Годинава, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015-та година тој број ќе порасне на 450 илјади.

Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако според Германија во нивната матична земја не им се нарушени правата, туку се исклучиво од економски причини. Владата на Германија пред неколку месеци рече дека секој барател на азил од Западен Балкан треба да се автоматски да се депортира од земјата, и речиси сите барања за азил беа одбиени.

Бројот на азиланти во моментов е „до таван“

Регионалната влада на Баварија е географски најблискиот дел на Германија до Балканот од каде доаѓаат најголемиот дел баратели на азил. Одбивањето на азил во изминативе неколку месеци не му даде многу резултати. Потребно е да се воведат визи за граѓаните на овие земји да се регулира нивниот број во Германија, тврдат Баварците, чиј став полека го поддржуваат и останатите покраини.

Во меѓувреме додека се дикутри дали треба да се ограничи патувањето во Германија без виза, бројот на нападите врз хостелите за мигранти во Германија досега изнесува вкупно 202 и го надминува бројот на нападите регистрирани во текот на минатата година (198). За најголемиот дел од нападите се смета дека е одговорна радикалната десница, односно анти – имигрантската милитантна група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...