Официјално потпишан договорот за користење на базата Инџирлик

Турција денеска и официјално го одобри договорот со САД, според кој на коалициските сили, предводени од САД, им се дозволува да ја користат воздухопловната база Инџирлик, недалеку од сириската граница, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесува Танјуг, спогодбата за користрење на базата исклучиво се однесува на борбата против Исламска држава и не ја вклучува поддршката од воздух за курдските борци на север од Сирија.

Договорот го склучија претседателите Барак Обама и Реџеп Таип Ердоган, за што уште минатата недела пишуваа американските медиуми. Тогаш беше објавено дека американските сили ќе ја користат базата на истокот на Турција за полетување на авионите и беспилотните летела во борбата против Исламска држава.

Турските воздухопловни сили и ноќеска ги гаѓаа позициите на курдските сепаратисти во Турција и во северниот дел на Ирак, а во пресметката со екстремистите во 39 турски провинции уапсени се 1.302 лица, соопшти канцеларијата на турскиот премиер.

Нападите на Курдите на северот од Ирак и во сама Турција  почнаа минатата недела по серијата смртоносни напади низ Турција за кои вината беше префрлена врз ПКК, која Анкара и нејзините западни сојузници ја квалификуваат како терористичка  група.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека мировниот процес со курдските бунтовници не може да продолжи во атмосфера на напади врз Турците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...