Хрватска излегува од арбитражата за Пиранскиот залив, одлучи Саборот

Загреб, 29 јули 2015 (МИА) - Хрватскиот сабор денеска едногласно ја поддржа Владата во намерата да почне постапка за престанок на Спогодбата за арбитража со Словенија во граничниот спор за Пиранскиот залив, бидејќи, како што заклучи, Љубљана битно ги повредила неговите одредби.

Како што јавува Танјуг, пратеничките клубови се согласиле во оценката дека арбитражната постапка е дискредитирана и контаминирана, односно дека е нарушена довербата во работата на Арбитражниот суд, но дека ексцесите како овој не можат да го менуваат пријателството меѓу хрватскиот и словенечекиот народ.

- Постапката е контаминирана и нема потреба да се влегува во било какво одлучување, во било какви детали. Тоа што се случило и што на крајот е и признато дека се случило е неодржливо и Хрватска излегува од договорот. Но, по релативно прецизни правила на меѓународното право, кое ќе го почитуваме, рече хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во својот воведен говор од расправата во Саборот.

Во владиното образложение врз основа на кое е побарана поддршката на Парламентот стои дека Словенија „тешко ги повредила“ одредбите од меѓународниот договор и правилото на учествување во арбитражата, како и дека Хрватска смета дека Арбитражниот суд не може да ги исполни своите задачи.

Во образложението понатаму се истакнува дека јавно објавените разговори меѓу членот на Арбитражниот суд кого го именувала Словенија и застапничката на Словенија, за кои е потврдено дека се веродостојни, откриваат дека основните начела на постапката, начелата на чесност, законитост, независност и веродостојаност, се системски и тешко прекршени, и тоа на штета на Хрватска.

- Се случи таква грешка во постапката по која постапката не може да продолжи. Што да правиме, ние мораме надвор, рече Милановиќ во воводното обраќање.

Одлуката на Саборот дојде откако во Арбитражниот суд беше откриено дека словенечкиот судија Јернеј Секолец и претставничката на словенечкото Министерство за надворешни работи Симона Дреник договарале изнесување аргуменати во лобирањето кај другите судии Словенија да добие две третини од Пиранскиот залив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...