Пахор: Арбитражниот договор меѓу Хрватска и Словенија нема алтернатива

Љубљана, 30 јули 2015 (МИА) - Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави денеска дека арбитражниот договор меѓу Словенија и Хрватска за границата во Пиранскиот Залив нема алтернатива, а се друго може да активира „процес на негативна спирала“ со несакани последици за мирот и стабилноста во овој дел на Европа, пренесе Танјуг.

Во пресрет на шестата годишнина од словенечко-хрватската средба во палатата Тракошчан, кога беше потпишан договорот, Пахор рече дека барањето за нови начини за решавање на спорот претставува враќање кон старата практика на недоверба и несогласувања меѓу двете држави.

- Сите оние кои веруваат во мирот и пријателството, имаат одговорност повторно да се обидат да ја воспостават и зајакнат меѓусебната доверба, рече словенечкиот претседател.

Денеска хрватската Влада усвои официјално решение за излез од арбитражна постапка и покрај изјавата на Европската комисија дека Арбитражниот суд ќе продолжи да работи на прашањето за границата меѓу Хрватска и Словенија.

Причина за повлекувањето на Хрватска е скандал со објавени во медиумите стенографи и записи од разговори на претставникот на Словенија во Арбитражниот суд Јернеј Соколец, во кои се договара Словенија да добие две третини од Пиранскиот Залив. По скандалот Соколец поднесе оставка, а Словенија предложи друг арбитер на негово место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...