Црнадак: БиХ нема да го признае Косово

Тирана, 31 јули 2015 (МИА) - Босна и Херцеговина нема да го промени својот став во врска со прашањето за признавање на Косово како независна држава, но тоа не значи дека меѓу двете земји не треба да има никаков контакт или соработка во полза на граѓаните, изјави во Тирана министерот за надворешени работи на БиХ, Игор Црнадак на средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати.

Како што јави дописникот на МИА, задржувајќи се на ставот на неговата земја кон Косово, шефот на босанската дипломатија најави дека се размислува да се потпишат неколку спогодби во правец на олеснување на движењето на граѓаните на Косово и БиХ, како и за трговската размена.

Црнадак и Бушати разменија мислења и околу евроатлантската интеграција на земјите од регионот и последните случувања во рамките на процесот од Берлин пред одржувањето на Самитот во Виена. Министерот Бушати побарал од својот гостин БИХ да го поддржи зачленувањето на Косово во регионалните иницијативи и да го признае како независна држава.

Двајцата министри поптишале спогодба за патување на нивните државјани само со лични карти. За влез во едната или другата земја на босанските и албанските граѓани не им беа потребни визи, но можеа да влезат само со пасоши.

Режим на патување само со лични карти Албанија има и со Македонија, Косово и со Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...