„Вечерње новости“: Борис Тадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН

Белград, 31 јули 2015 (МИА) - Поранешниот српски претседател и лидер на Социјадемократската партија Борис Тадиќ планира да се кандидира за генерален секретар на Обединети нации, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

Според неофицијални информации од дипломатски извори Тадиќ ги користи старите врски и лобира за својата кандидатура, а неодамна побарал поддршка и од Франција.

Советничката на Тадиќ, Марина Комад изјави дека таквите информации се медиумски шпекулации.

- Борис Тадиќ не размислувал за кандидатура за генерален секретар на ОН. Неговата политичка активност е насочена пред се кон внатрешната политика и опозициското дејствување, посочи Комад.

И Тадиќ изјави дека не планира да се кандидира за генерален секретар на ОН, оценувајќи дека тоа се дезинформации на „режимските медиуми“ кои се обидуваат да ја ослабнат опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...