Грчката Влада немаше план за излез од еврозоната

Атина, 31 јули 2015 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека неговата Влада немала никакви планови за излез од еврозоната, јави дописникот на МИА од Атина.

Ципрас ваквата изјава ја даде во Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата во врска со неодамнешната изјава на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис за постење на „план Б“.

Грчкиот премиер објасни дека кога партнерите зборувале за „грегзит“, Владата морала да се подготви. Затоа, тој побарал од тогашниот министер за финансии да подготви план за „одбрана на земјата во случај на вонредна состојба“.

Грчкиот весник „Катимерини“ пред извесно време објави транскрипти од телефонски разговор меѓу Варуфакис и инвеститори од Лондон, според кои, наводно, премиерот Ципрас, пред да победи на изборите во јануари го овластил да создаде паралелен систем на плаќање.

Во телефонскиот разговор, воден една недела откако поднесе оставка на функцијата министер за финансии, Варуфакис открива дека во соработка со петчлена екипа со месеци работел на резервен план за создавање паралелен систем на плаќање, во случај Европската централна банка (ЕЦБ ) да ја суспендира исплатата на средства за итни случаи за грчкиот финансиски систем, како што се случи по неуспехот на преговорите со грчката Влада.

„Катимерини“ објасни дека паралелниот систем можел да функционира со плаќања во евра, но преку ноќ можел да се префрли на драхма, ако тоа биде потребно.

- Премиерот, пред да победи на изборите во јануари, ми даде зелено светло да изработам „план Б“. Собрав многу способен тим, кој мораше да биде мал, затоа што работеше тајно, од очигледни причини, рекол Варуфакис.

Тој информирал дека ангажирал експерти за информатичка технологија од Универзитетот Колумбија, кои ќе ги решавале прашањата за логистика и кои, според резервниот план, требало да упаднат во софтверскиот систем на грчката даночната администрација - која во тоа време беше контролирана од страна на „тројката“ (Европска централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд), за да се соберат регистарските броеви на даночните обврзници.

- Одлучивме да се пробие софтверската програма на моето Министерство, рекол Варуфакис.

Поранешниот грчки министер за финансии за британски „Телеграф“ призна дека транскриптите од разговорите се точни, но оти грчките медиуми извртеле одредени тврдења.

- Поентата на сето ова е да ме претстават како лош министер за финансии и да бидам обвинет за предавство. Ова е дел од обидот да се поништат првите пет месеци од работата на Владата и таа да заврши на отпадот на историјата. Целосно e искривенo значењето на моите желби за воведување на паралелна валута. Јас отсекогаш сум бил целосно против укинувањето на еврото, бидејќи никогаш не се знае какви мрачни сили би се ослободиле во Европа, изјави Варуфакис за британскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...