Путин и Ердоган на есен ќе разговараат за „Турскиот поток“

Москва, 31 јули 2015 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин во текот на претстојнава есен ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган за да разговараат за проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ваквата најава од Кремљ уследи откако турските медиуми синоќа објавија дека Анкара одлучила привремено да ги прекине преговорите со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“, поради недостиг на напредок во преговарачкиот процес.

Како една од причините за „недостигот на напредокот“ беше наведено и тоа дека Москва не се согласува на намалување на цената на рускиот гас за Турција.

Во меѓувреме, денеска Москва соопшти дека руската компанија за гас „Газпром“ и турската енергетска фирма „Боташ“’ постигнале договор за намалување цената на рускиот гас за 10,25 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...