„Нови лист“: Парламентарните избори во Хрватска најверојатно на 22 ноември

Риека, 31 јули 2015 (МИА) - Парламентарните избори во Хрватска можно е да се одржат на 22 ноември, а одлуката за распишување на изборите и распуштање на Парламентот во тој случај би била донесена на вонредна седница на Саборот, на 26 август, пишува риечкиот дневен весник „Нови лист“.

Весникот наведува дека министерот за финансии, Борис Лаловац, интензивно работи на буџетските документи за 2016 година и на новите програми и закони што СДП планира да ги усвои до крајот на мандатот на Саборот.

Доколку се покаже дека буџетот е „шуплив“, датумот за одредување на изборите може да се пролонгира до февруари следната година, пишува риечкиот дневен весник и додава дека Лаловац затоа работи во „шеста брзина“.

„Нови лист“ наведува дека предлог буџетот ќе може да се затвори и „коалицијата може мирно на избори на  22 ноември, што е најнормален рок со оглед на тоа дека последните избори беа одржани на 23 ноември 2011 година“.

До тогаш, пишува весникот, Лаловац пред Саборот може да излезе со пакет закони со кои ќе се намали оданочувањето на платите, посебно на средниот слој вработени, а ќе се оптоварат екстра високите заработки и тоа ќе биде дополнителна мерка за која во СДП сметаат дека би ја поттикнала поддршката од избирачите.

Покрај тоа, пишува „ Нови лист“, се очекува и многу добра туристичка сезона, која буџетот го полни над очекувањата, се очекуваат и добри вести за градбата на мостот на Пељешац, а и фактот дека премиерот Зоран Милановиќ успеа да добие полн национален консензус во врска со „аферата Пирангејт“.

Сео ова, како што се наведува, може да има позитивни политички ефекти за актуелната коалиција во ноември подготвена да излезае на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...