Вучиќ, Рама и Тачи заедно ќе играат фудбал во Виена

Тирана, 21 август 2015 (МИА) - На престојниот Самит на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на 27 август во Виена, како продолжение на процесот од Берлин инициран од германската канцеларка Ангела Меркел, ќе се случи и еден несекојдневен настан.

Според албанските медиуми, станува збор за фудбалскиот натпревар меѓу лидерите од западен Балкан, односно меѓу екипите на „Идната ЕУ“ и „ЕУ“.

Во екипата на „Идната ЕУ“ се српскиот премиер Алекдандар Вучиќ, неговиот албански колега Еди Рама, шефот на косовската дипломатија и вице премиер Хашим Тачи, министерите за надворешни работи на Македонија, Никола Поповски, на Црна гора, Игор Лукшиќ, на БиХ, Црнадак, на Албанија Бушати, албанскиот министер за економија Арбен Ахметај и секретарот на процесот за соработка во ргионот Горан Свилановиќ.

Косовскиот премиер Иса Мустафа нема да им се придужи на српскиот и албанскиот премиер.

Судија на фудбалскиот натпревар ќе биде еврокомесарот Јоханес Хан. Во екипата на „ЕУ“ меѓу другите ќе бидат словенечкиот премиер Миро Церар и австрискиот министер за надворешни работи Себастиан Курц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...