Лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис доби можност да состави нова влада

Атина, 21 август 2015 (МИА) - Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Евангелос Меимаракис, од претседателот на земјата Прокопис Павлопулос, доби условен, испитувачки мандат за состав на нова влада, информира грчкиот весник њуз.ин, пренесува БТА.

Лидерот на грчките конзервативци во текот на ноќта по мејл го добил мандатот од кабинетот на претседателот. Денеска тој ќе се сретне со шефот на државата за мандатот и официјално да му биде врачен.

Меимаракис изјави дека ќе го почитува врачениот мандат. Согласно Уставот секој испитувачки мандат трае три дена. Се очекува шефот на Нова демократија веднаш да почне со консултации. Тој изјави дека ќе се сретне со лидерот на „Потами“ (Реката) Ставрос Теодоракис, со лидерката на ПАСОК Фофи Генимата, со генералниот секретар на комунистичката партија, Димитрис Куцумбас, а, исто така, и со лидерот на Левата платформа во СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, за да го сондира расположението за нивна поддршка во Парламентот за состав на нова Влада.

Евангелос Меимаракис не прецизираше дали ќе се сретне и со лидерот на „Независни Грци“, Панос Каменос, но не ја исклучи можноста од средба со лидерот на неонацистичката „Златна зора“, Никос Михалолиакос, доколку партиските органи му дадат одобрение за таква средба. 

Меимаракис беше обвинет од ПАСОК дека оди на  консултации со една партија која не му припаѓа на демократскиот простор. Останатите партии, исто така, соопштија дека не сакаат да прават консултации со „Златна зора“.

Извори од Нова демократија не ја исклучуваат можноста партискиот лидер да го врати испитувачкиот мандат на шефот на државата уште пред истекот на тридневниот рок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...