Хрватска од буџетот на ЕУ лани повлекла 173 милиони евра повеќе отколку што уплатила

Загреб, 21 август 2015 (МИА) - Хрватска во 2014 година повлекла 173,6 милиони евра повеќе  отколку што уплатила во буџетот на ЕУ, се наведува во финансискиот извештај на Европската комисија објавен на нејзината страница.

Овој вишок е значително поголем отколку во 2013 година, кога Хрватска била во плус во однос на уплатите во буџетот на ЕУ за 49,6 милиони евра.

Според податоците од финансискиот извештај на ЕК, Хрватска лани од буџетот на ЕУ повлекла вкупно 584,3 милиони евра, додека во 2013 година тој износ бил 290 милиони евра. Притоа лани најмногу пари од буџетот на ЕУ биле повлечени во име на економската, социјална и територијална кохезија, дури 313,9 милиони евра. 

Според нето приливот во буџетот на ЕУ, Хравтска меѓу членките од ЕУ е во рангот со Малта, која лани повлекла 179,4 милиони евра повеќе отколку што уплатила.

Хрватскиот нето прилив од буџетот на ЕУ е поголем од оној што го остварила Ирска (38,8 милиони евра), Луксембург (80,1 милион евра) и Кипар (114,8 милиони евра).

Од 28 членки на ЕУ лани десет биле нето даватели во буџетот на ЕУ, а најголем минус меѓу уплатите и исплатите имала Германија - 15,5 милијарди евра. Најголемата позитивна разлика меѓу уплатите и исплатите од буџетот на ЕУ лани остварила Полска - 13,75 милијарди евра.

Потпретседателот на хрватската Влада, Бранко Грчиќ, задолжен за координација на користењето на европските структурни и инвестициски фондови, вели дека тоа е уште една добра вест за Хрватска и Владата.

-Се остварија нашите прогнози дека конечната пресметка на сите уплати и исплати од буџетот на ЕУ кон Хрватска може да покаже и поголем нето ефект од претходно споменатите 87 милиони евра. Уште поважно е дека овие средства забрзано се трошат на проекти што оваа Влада ги почна, па така во првите шест месеци од оваа година исплатени се 2,8 милијарди куни во однос на минатогодишните 1,1 милијарда. Тоа зборува дека изворите од ЕУ стануваат се позначајни за финансирањето на инвестициите со се повидлив ефект врз хрватската економија, оцени Грчиќ во изјава за Хина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...