Ципрас ја откри неговата цел и тајната за оставката!

Лидерот на СИРИЗА и премиер во оставла Алексис Ципрас на денешниот состанок на политичкиот секретаријат на партијата изјави дека изборната цел на СИРИЗА е „чист“ четиригодишен мандат, објави грчката новинска агенција АНА, повикувајќи се на свои извори.

Тој посочи и дека на партијата и е потребна реорганзиација. Ципрас наведе и дека кампањата не треба да се претвори во „граѓанска војна“ на левицата и оти СИРИЗА треба да промовира програма на влада на радикална левица наспроти неолибералната структура на Европа, но и на домашниот „систематски блок“.

- Наша цел е добивање на довербата од народот за да се спроведе програма на прогресивни промени поради постепено одвојување на земјата од супервизија и меморандуми, истакна Ципрас.

Тој наведе дека целта на СИРИЗА е на престојните избори грчкиот народ да „пресуди“ дали владата добро се борела последните месеци за време на неодамнешните преговори.

- Гласачите треба да одлучат дали постоеше некој друг што би постигнал подобар договор во постоечките услови и односи и кој би направил најдобро за земјата во преговорите за долгот до крајот на годината, посочи Ципрас.

Тој ја отфрли можноста од постизборна соработка со силите на „стариот политички систем“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...