Бугарија упати оклопни возила на границата со Македонија

Бугарија упати оклопни возила на четирите гранични премини, за да зајакне границата со Македонија, поради големиот прилив на бегалци, соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за одбрана Николај Караиванов.

- Во оваа етапа, граничните премини ги зајакнуваме од превентивен карактер, изјави тој за бугарското радио, пренесува Танјуг.

Караиванов истакна дека оклопните возила се испратени на граничните премини со Македонија за да се пружи поддршка на граничната полиција и оти, засега, упатени се 25 војници со оклопните возила, а нивниот број може да биде зголемен, доколку тоа го бара ситуацијата.

- Не се планирани заеднички патроли на војската со граничната полиција, истакна бугарскиот заменик-министер.

Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата. 

Бугарската министерка за внатрешни работи за Румјана Бчварова, за тамошната телевизија Нова изјави дека Бугарија не очекува да биде зафатена од мигрантски бран.

Таа истакна дека земјата ја следи ситуацијата и наведува дека ризикот за пренасочување на рутата на мигрантите преку Бугарија е многу мал, бидејќи, според Даблинскиот договор, ако и заминат кон други ЕУ земји треба потоа да бидат вратени во Бугарија. А тие не го сакаат тоа.

- Во Турција има два милиони бегалци, но притисокот оттаму не стигнал до нас. Прроблемот е во Грција, затоа што таму не се регистрираат, истакна бугарската министерка, додавајќи дека на тој начин во Европската унија меѓу мигрантите можат да влезат и џихадистички борци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...