Загрепскиот градоначалник подготвен да прими седум мигранти во својот дом

Загреб, 18 септември 2015 (МИА) - Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, вчера изјави дека градот е подготвен за прифат на мигрантите, пренесе ТАСС.



Бандиќ изјави дека за бегалците е подготвен павиљон на Загрепскиот велесаем, во кој можат да се сместат до 1.200 лица.

-Во следните 48 часа ќе биде приспособена уште една просторија што ќе може да собере уште 2.000 бегалци, рече градоначалникот.

Бандиќ ја уверува хрватската јавност дека сите градски служби се ставени со состојба на готовност и ги повика жителите на главниот град, секој според своите можности, да примат бегалци во своите домови.

Тој самиот вети дека во својата викендичка ќе прими седум бегалци.

-Тоа може да му се случи на секого и во секој момент. Затоа треба да бидеме похумани и солидарни, повика Бандиќ.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, на територијата на земјата влегле над 11.000 мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...