Сириза победи на изборите во Грција

Атина, 21 септември 2015 (МИА) - Коалицијата на радикaлнатa левица (Сириза) на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас победи на вчерашните вонредни парламентaрни избори во Грција, освојувајќи 34,47 отсто од гласовите, соопшти рано изутринава грчкото Министерство за внатрешни работи врз основа на 99,4 отсто преброени гласачки ливчиња.

Според овие резултати, Сириза во новиот грчки Парламент ќе има 145 пратеници, што е за шест помалку од потребните 151 за парламентарно мнозинство.

На второто место се пласира конзервативната партија Нова демократија со освоени 28,09 отсто од гласовите и 75 пратенички места, пред неофашистичката партија Златна зора со 6,98 процети и 18 мандати и Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) со 6,28 отсто и 17 пратеници во Парламнетот.

Изборниот праг од три проценти неопходен за освојување пратенички мандати го минаа и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,55 отсто освоени гласови, партијата Потами со 4,09, Незавсини Грци со 3,69 и Унијата на центристите со 3,43 проценти. Врз основа на овие резултати, комунистите освоија 15 мандати, Потами 11, Независни Грци 10 и центристите 9 пратеници.



Одѕивот на изборите бил 56,11 отсто, што претставува рекордно ниска излезност на едни парламентарни избори во Грција.

Ккао што јави ТАСС, Ципрас уште синоќа по објавувањето на првичните резултати од изборите оцени дека победата на неговата партија претставува „победа на народот“

 - Грчкиот народ ни даде јасен чеитригодишен мандат... Се боревме против многу посилни од нас и Сириза докажа дека е премногу жилава за да умре, бидејќи има длабоки врски со народот, порача Ципрас.  

Тој најави дека Сириза повторно ќе формира коалиција со поранешниот коалициски партнер, партијата Независни Грци, што потоа го потврди и нејзиниот лидер Панос Каменос.

- Уште утре ќе ги спрегнеме ракавите и ќе продолжиме да работиме на изградба на една праведна и силна Грција, порача Ципрас.

Лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија, Евнагелос Меимаракис го призна поразот на изборите и им честита на Сириза и на Ципрас на победата.



Победата на Сириза на изборите и ја честитаа повеќе европски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, австрискиот канцелар Вернер Фајман, претседателот на Кипар, Никос Анстасијадис и првиот човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц. 

Оланд оцени дека побдата на Сириза претставува „важна порака за европската левица“, додавајќи дека на Грција и претстои „период на стабилност со солидно мнозинство“.

Честитајќи му ја победата на Ципрас, претседателот на Европарламентот, Шулц повика на брзо формирање стабилна влада која „ќе оставрува резултати“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...