Новата грчка Влада ќе има од 25 до 27 министри

Атина, 22 септември 2015 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира да формира малуброен, авторитетен, надежен и флексибилен кабинет, кој ќе вклучува од 25 до 27 министри, а во него ќе учествуваат и вонпарламентарни и политички неангажирани личности, пишува весникот „Вима“. 



Новата Влада утре ќе положи заклетва, а потоа премиерот ќе отпатува за Брисел, каде ќе учествува на вонредната седница на Европскиот совет, посветена на бегалската криза. 

На седницата Ципрас ќе го претставува и кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој е во посета на САД на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Весникот пишува дека Ципрас планира да го искористи тешкиот светски проблем поврзан со бегалската хуманитарна криза за да ја промени сликата за Грција во светот и да постигне некои од целите во Европа. 

„Вима“ тврди дека Ципрас веќе разговарал со некои вонпарламентарни личности околу можноста за нивно учество во новиот владин тим. Тој исто така побарал од некои службени министри да останат во новата влада.

Таков бил случајот со Јанис Музалас, кој се смета дека завршил многу добра работа како министер задолжен за миграциската политика. 

Ципрас исто така сакал да го задржи на функцијата и Христос Зоис, досегашен министер за трговска морнарица, како и Димитрис Папангелопулос за министер за правда. 

На претседателката функција во Парламентот Ципрас планира да го предложи Јанис Драгасакис, вицепремиер во претходниот негов Кабинет, Евангеос Цакалотос се очекува да биде министер за финансии, а Јоргос Хулиаракис да го преземе новото Министерство, кое ќе се формира и ќе биде одговорно за спроведување на новата програма за реформи, договорена со кредиторите. Никос Христодулакис најверојатно ќе биде нов министер за економија.

„Вима“ пишува дека на средбата со Ципрас, неговиот коалициски партнер Панос Каменос, лидер на партијата Независни Грци, поставил услов во врска со министерските функции во новата влада, барајќи шест министерства, меѓу кои за одбрана, за јавен ред, за трговска морнарица, за правда и за туризам. 

Голема е веројатноста дека во новиот тим Каменос ќе остане министер за одбрана, Елена Кундура можно е да се врати на позицијата министер за туризам, а заменик-министерот за внатрешни работи Марија Колија исто така да добие функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...