Новата грчка Влада положи заклетва

Атина, 23 септември 2015 (МИА) – Новата Влада на Грција, предводена од Алексис Ципрас положи свечена заклетва во претседателската палата.

Нова грчка Влада има 46 членови, пет повеќе од претходната, и во неа се вклучени и вонпарламентарни експерти.

„46 Владини членови во невозможна мисија“, „Група за невозможна мисија“, „Нема време за губење“, „Познати лица во новата Влада“ се само некои од наслови во грчките медиуми кои известуваат за составот на новиот кабинет, кој ќе треба да ги исполни условите од договорот за третата финансиска помош со меѓународните кредитори.

Во новиот кабинет повторно се назначени голем дел од поранешните министри, кои учествуваа во претходната коалициска влада на Сириза и Независни Грци, сменети се имињата на неколку министерства, а создадени се и нови сектори.

Вицепремиер останува Јанис Драгасакис, министерствата за финансии и економија повторно ќе ги водат Еуклидис Цакалос и Јоргос Статакис. Први заменици на Цакалотос во министерството со различни ресори се Трифон Алексиадис и Јоргос Хулиаракис.

Никос Филис е министер за образование, Аристидис Балтас е назначен за министер за култура, а Министерството за внатрешни работи го презеде Панајотис Курублис.

Во Министерството за економија, развој и туризам на функцијата заменик-министер со ресор Национална стратешка референтна рамка ЕСПА е поставен Алексис Харицис, во истото министерство, заменик министер за миграциска политика повторно е Јанис Музалас.

Лидерот на помалиот коалициски партнер во Владата Независни Грци, Панос Каменос повторно е министер за одбрана, а негов прв заменик е Димитрис Вицас.

Министер за надворешни работи останува Никос Коѕиас, а негов прв заменик кој ќе биде одговорен за европски прашања, е Никос Ксидакис.

Втор министер задолжен за корупција во Министерството за правда е Димитрис Папангелопулос, кој беше министер за правда во преодната влада.

Министерството за труд го предводи Јоргос Катрунгалос, Министерството за здравство Андреас Ксантос, а Министерството за животна средина и енергетиката Панос Скурлетис. За министер за инфраструктура е назначен Христос Спирѕис. Министер за морска флота е Тодорис Дрицас, а министер за рурален развој и храна е Вангелис Апостолу.

Државни министри остануваат Никос Папас, Алекос Флабурарис, заменик министер е Теренс Куик, а Олга Геровасили останува портпарол на Владата.

Некои од министерствата се реконструирани, со поделба и префрлање на одговорностите. Така, оваа грчка влада има пет министерства кои се различни од претходниот кабинет. Тие сега се Министерство за образование, истражување и религија, Министерство за бродски превоз и островска политика, Министерство за економија, развој и туризам, Министерство за инфраструктура, транспорт и мрежи и Министерство за животна средина и енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...