ЕУ им додели помош на Македонија и Турција за справување со бегалците

Брисел, 24 септември 2015 (МИА) - Лидерите на ЕУ донесоа одлука да им доделат финансиска помош на Македонија и Турција за справување со напливот на бегалци, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по завршувањето на Самитот на Унијата, што траеше до раните утрински часови.

Како што јави ТАСС, со оваа одлука,  ЕУ ќе и додели 700 милиони евра на Македонија и една милијарда евра на Турција.

Покрај ова, лидерите на ЕУ решиле да одделат и 100 милиони евра итна помош за земјите-членки на Унијата кои во најголема мерка се судираат со бегалскиот бран, како и 600 милиони евра за потребите на Европската агенција за обезбедување на границите Фронтекс и за Европол за следната година.

Претседатлот на Европскиот совет, Доналд Туск пак информира дека лидерите на ЕУ решиле да одделат и доплнителни една милијарда евра за помош на сириските бегалци згрижени во земјите од Блискиот Исток.

Како што јави ДПА, овие средства ќе им бидат исплатени на Светската програма за храна и на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Решено е и до крајот на ноември на надворешните граници на ЕУ да почнат да функционираат центри за прием и регистрација на бегалци, истакна Туск, додавајќи дека се очекува во следниот период околу еден милион имигранти да се обидат да влезат во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...