Србија од изутрината не е држава

Загреб, 27 септември 2015 (МИА) - Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска повторно поради бегалската криза ја обвини Србија дека не прави „апсолутно ништо“ и дека „не функционира како држава“, додавајќи дека за него единствена важна адреса е Западот. 

- Би сакал нашите источни соседи да функционираат како држава и тие тоа го можат, но не сакаат. Србија од изутрината не е држава, можеби имаат помали ресурси и во некои области послабо функционираат од Хрватска, но Србија не е од третиот свет и не прави апсолутно ништо, реле Милановиќ, пишува „Вечерњи лист“.

Тој на собирот на активистите и симпатизери на СДП во Сисак додаде дека границата со Србија засега останува отворена. 

Милановиќ изјави дека „ситните лобија и различните интереси на некои комори и партиски врски на тие комори“ нема да го спречат да донесе одлука, која е во интерес на Хрватска и нејзините граѓани. 

- Тоа е број еден, луѓето денеска да можат да одат во црква, а ако не одат во црква да можат да одат на кафе или безбедно да се чувствуваат дома, рече тој. 

- Се друго е споредно, дали некој камион со играчки или чоколади во Србија ќе пристигне денеска или следниот месец тоа не е приоритет. Важно е и тоа, но не е приоритет. А оние кои се однесуваат како Будимпешта и Белград слободно нека продолжат со тоа, рече Милановиќ.

Тој истакна дека е во постојан контакт со австрискиот канцелар, кој е на чело на државата која е на удар, додека Хрватска е само транзитна држава. 

- Разменуваме информации и за мене е важна адресата, тоа е Западот, додаде хрватскиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...