Турција ќе ги враќа обратно имигрантите, кои пристигнале незаконски во Бугарија од нејзина територија

Брисел, 6 октомври 2015 (МИА) - Турција ги презема задолженијата да ги прифаќа обратно имигрантите, кои пристигнале незаконски од нејзина територија во Бугарија, Романија и Грција. Тоа се посочува во план за дејствие, предложен од Анкара на институциите на ЕУ при посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Брисел.

Турција прифаќа да ја зголеми соработката со бугарските и грчките власти за спречување незаконско преминување на границите. За таа цел ќе биде применет трилатерален договор за заемно дејствие.

Турската страна ќе ги зајакне граничните сили, ќе ја затегне визната политика кон граѓаните на држави, извор на мигранти, ќе ја подобри борбата против трговците со луѓе, ќе ги регистрира сите имигранти.

Анкара го презема задолжението да обезбеди засолниште, работа и образование на оние имигранти, кои добиле времен бегалски статус. За таа цел ЕУ ќе ја помага работата на шест прифатни центри на турска територија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...