„Премостувањето“ на БиХ кај Плоче пред конечна реализација

Загреб, 7 октомври 2015 (МИА) - „Премостувањето“ на територијата на Босна и Херцеговина кај јадранското пристаниште Плоче, со цел да се обезбеди патување до крајниот југ на хрватското приморје и Дубровник без навлегување во друга држава, се наоѓа пред конечната реализација, објави Би-Би-Си.

Станува збор за план на Владата во Загреб за изградба на мост меѓу копното и хрватскиот полуостров Пељешец, со што ќе се заобиколи БиХ и ќе се одбегнат досегашните недоразбирања на Хрватска со оваа соседна земја.

Сегашната ситуација е последица од распадот на поранешна Југославија и територијалното решение од некогашната федерација, според кое на БиХ и се остави еден тесен коридор од 14 километри, преку кој доби излез на Јадранско Море.

По осамостојувањето на двете поранешни југословенски републики, територијата на Хрватска беше „пресечена“ со овој тесен појас, што остана дел од независна Босна и Херцеговина.

Возачите кои патуваа од Загреб или од Сплит за да дојдат до Дубровник, мораше да минуваат низ странска територија, создавајќи несекојдневна ситуација.

Двете земји од поодамна разговараат за надминување на овој проблем, но Загреб смета дека најдобро и најмалку болно решение е изградбата на мост преку морето.

Мостот треба да биде долг 2,4 километри, а за комплетирање на „премостувањето“ на БиХ ќе треба да се изградат и пристапни патишта.

По влегувањето на Хрватска во ЕУ, за случајот се заинтересира и Брисел, каде сега се оценува дека правењето „бај-пас“ ги решава сите проблеми.

ЕУ смета дека властите во Сараево нема повеќе да се противат на вакавото решение и очекува изградбата на проектот, што треба да чини 380 милиони евра, да почне на пролет идната година.

Резервите на БиХ кон планот се објаснуваат со стравувањето дека мостот ќе претставува блокада за пристигнувањето на големи бродови во Неум.

Идејата за мостот, не е нова и потекнува уште од годините по распадот на екс-Југославија. Извори во Загреб тврдат дека уште во 2007 година, хрватската страна сакала да почне со реализиација на проектот, но се било оставено за „подобри времиња“ поради недостиг на средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...