Тачи да не доаѓа во Елбасан

Тирана, 7 октомври 2015 (МИА) - Премиерот на Албанија Еди Рама му порача на заменикот косовски премиер Хашим Тачи да не доаѓа на натпреварот меѓу Албанија и Србија, што ќе се одигра утре во Елбасан, јавуваат албанските медиуми.

Според албанските медиуми, Рама се одрекол од Тачи поради евентуалното присуство на српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.

Претходно беше најавено дека постои можност Вучиќ и Рама заедно да присуствуваат на натпреварот, но српскиот премиер се уште не одлучил поради најавата на Тачи дека ќе го следи натпреварот во Елбасан.

Најважна цел на премиерот Рама е натпреварот против Србија да мине без никаков инцидент. Друга желба е да биде во друштво на премиерот на Србија Александар Вучиќ за време на натпреварот, јавуваат албанските медиуми.

Тачи претходно најави дека ќе патува за Елбасан на натпреварот меѓу Албанија и Србија, бидејќи во албанската репрезентација поголем дел од играчите се Албанци од Косово.

Српскиот премиер Вучиќ претходно изјави дека за присуство на натпреварот ќе одлучи по разговор со албанските колеги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...