Запре приливот на бегалци кон грчкиот остров Лезбос

Атина, 24 ноември 2015 (МИА) - Приливот на бегалци кон грчкиот остров Лезбос запре и од неделата вечерта на островот во Егејското Море не пристигнал ниту еден мигрант, изјави висок претставник на полицијата, јавија грчките медиуми.

Изминатите денови беше забележано намалување на приливот на бегалци од турското крајбрежје кон Лезбос, но од неделата не пристигнал ниту еден мигрант, нагласи полицискиот претставник. 

Се претпоставува дека силниот ветер не е причина за запирање на приливот, со оглед на тоа што во слични услови минатиот месец на островот пристигнуваа до пет илјади лица дневно. 

Центарот за регистрирање и идентификација на мигранти и бегалци во Морија, кампот Кара Тепе и пристаништето се празни.

Лезбос изминатите осум месеци прими голем број мигранти, кои пристигнуваа од Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...